Љубовта е наш вечен поттик, вечна инспирација за човековото творење и постоење. На љубовта ù се потчинуваат дури и најсилните и најпаметните. За љубовта не постои лек, бидејќи самата љубов е лекот.,,Љубовта никогаш не се покажува на возрасен начин, напротив треба да е на детски, е тогаш е вистинска,, .
– Непознат автор
,,Љубовта е најсилна од сите страсти, бидејќи истовремено ги напаѓа главата, срцето и сите сетила,, .
-Лао Це
,,Никогаш не бев луд, освен во моментите кога го отворив срцето,, .
– Едгар Алан По
,,Кога мажот ја освојува љубовта на една жена, љубовта е вечна. Може да ја загуби само жената,, .
– Роберт Браулт
,,Љубовта е составена од иста душа која живее во две тела,, .
– Аристотел
,,Љубовта не познава граници. Прескокнува препреки, скокнува огради, влегува во ѕидови за да стигне на својата дестинација полна со надеж,, .
– Маја Анџелоу
,,За љубовта може да се каже исто што и за уметноста: оној што умее да го сака само она што е големо и бескрајно, посиромашен е од оној што и ситницата го восхитува,, .
– Херман Хесе
,,Да сакаш – значи да се заробиш себеси во некој друг,, .
– Фридрих Хебел
,,Кога љубовта е вистинска, нешто за кое си копнеел, тогаш срцето не бара други алтернативи,, .
– Д.Д.
,,Љубовта е едно длабоко разбирање на фактот, што на некој начин, некоја личност те прави комплетен. Некој што те прави совршен круг; присуството на некоја личност, го засилува твоето присуство. Љубовта ја дава слободата да бидеме тоа што сме, таа не е посесивност. Љубовта е вечност. Ако е присутна, ќе продокжи да расте до бескрај. Љубовта го познава почетокот, но не го знае крајот,, .
– Ошо
,,Љубовта е теорема која секој ден треба да се докажува,, .
– Архимед Сиракузки
,,Пролетта е време на љубов. Затоа на среќните целиот живот им е пролет,, .
– Емил Зола
,,Големите љубови се ретки, како што се ретки големите дела,, .
– Адлер
,,Биди и достоен на љубовта ако сакаш да бидеш љубен,, .
– Гете
,,Ако викаш сите ќе те слушнат. Ако шепотиш ќе те слушне само оној што е близу до тебе, но ако молчиш ќе те слушне само тој што те љуби,, .
– Махатма Ганди
,,Можеби некои ќе ми кажат дека го загубив умот а јас ќе им речам дека сега срцето ми е на место,, .
– Д.Д.
,,Љубовта никогаш не се покажува на возрасен начин, напротив треба да е на детски, е тогаш е вистинска,, .
– Непознат автор