Кога ќе дознаете од што навистина ви се вцрвенуваат очите кога нуркате во базен, ќе размислите дали повторно ќе скокнете во таа вода.Сигурно некогаш сте нуркале во базен без заштитни наочари. Тогаш сте забележале дека после тоа ви се вцрвениле очите. Велат дека тоа е хлорот, но тоа е само делумно точно, а од остатокот сигурно ќе ви се згади.
– Очите ви се вцрвенуваат кога нуркате во базен поради хлорот кој се врзал за урината и потта – вели др. Мајкл Бич, еден од директорите на Американскиот центар за контрола на болести.
На сајтот CDC стои дека се направени двократни проверки и тврди дека црвенилото дефинитивно е резултат на нуспроизводи на хлорот, а тие нуспроизводи настануваат поради реакцијата на урината и хлорот, потта и уште некои отпадни материи од организмот.
Што се однесува до додатоците кои ја бојат водата во црвено или некоја друга впечатлива боја кога некој ќе измокри во базенот, д-р Бич тврди дека е целосна измислица која некој ја пласира за да ги исплаши луѓето да не мократ во базен.
– Што и да ви рекле родителите, знајте дека не постои никаква супстанца која, кога ќе се додаде во вода открива присуство на урина така што ќе направи облак од обоена вода околу престапникот – пишува на сајтот „Snopes“ кои се занимаваат со истражување и демистификација на урбани митови. Сигурно некогаш сте нуркале во базен без заштитни наочари. Тогаш сте забележале дека после тоа ви се вцрвениле очите. Велат дека тоа е хлорот, но т



