Како го замислувате животот на милијардерите? Слава, раскош, хотели со пет ѕвезди и најгламурозни забави? Да, веројатно тоа ви е првата асоцијација, но ги има и оние кои што одбрале поинаков живот. Линси Снајдер е една од нив. За оваа девојка банкарската сметка не е повод да се појавува во медиумите, па ако сакате да се обидете да дознаете нешто за неа, тешко би успеале во тоа. Нејзините интервјуа можат да се избројат на една рака, иако Линси е наследничка на голема империја.
Нејзиното семејство е сопственик на ланец за брза храна „In-N-Out“, кој во САД е еден од најпознатите ресторани за брза храна. Линси е претседател на Управниот одбор, а е единствена наследничка за две години на овој ланец на ресторан вреден околу милијарди долари, кој преминал во потполност во нејзини раце. Со тоа станува една од најмладите милијардерки во Америка. Иако, избегнува контакт со медиумите, таа го прифати интервјуто за канал CBS.
– Не сакаме да бидеме во центарот на вниманието. Тоа не сме ние, одговори богатата наследничка на прашањето, зошто е толку таинствена.
Иако нејзината работа и` цвета, зашто до сега има отворено 304 ресторани во шест држави, на приватен план не и` оди се како што замислила. Оваа 30-годишна личност останала без неколку членови од семејството од различни причини.
Првиот ресторан го отворил нејзиниот дедо во 1948 година. По неговата смрт во 1976 година, ланецот го наследи нејзиниот чичко Рич, кој бил на чело на компанијата се до трагичната авионска несреќа во која го изгубил животот. Потоа, фирмата ја презел нејзиниот татко Геј. Ни тој не се задржал долго на чело на фирмата, цели шест години. Кога Линси имала 17 години, нејзиниот татко умрел од предозирање. Тогаш, нејзината баба ја презела фирмата и ја водела се до 2006 година, кога Линси доаѓа на нејзино место.
Покрај сите семејни трагедии, Линси успеала да го прошири бизнисот, зашто тогаш нејзината фирма отворила свои ресторани во уште две сојузни држави. Сепак, младата милијардерка одлучила да не го менува рецептот кој им донел успех. Таа и понатаму се придржува на оние начела кои биле поставени, пред таа да дојде на чело на фирмата.
Иако, работата и е на прво место, Линси сака и да се опушти.
– Многу сум слична на татко ми, вистински авантурист. Го обожавам адреналинот, татко ми за прв пат ме однесе на трки кога имав две или три години и оттогаш мојата страст е се што има мотор“, рече за магазинот „Orange Coast“.
Една од ретките работи кои ги открила за својот приватен живот е дека едно време се занимавала со аматерски бокс, како и дека има тетоважи. Една од тие тетоважи е онаа на која пишува „мразеа’.
– Тоа се однесува на Евангелието според Иван, во кое Исус кажува: „Не бидете изненадени ако светот ве замрази, зашто ме мразеа и мене“, открива Линси.
Нејзиниот приватен живот е голема мистерија. Она што е познато е дека се омажила дури четири пати, но останува тајна колку деца родила. Лински не сака да ја открие таа тајна, зашто до сега два пати се обиделе да ја киднапираат. Прв пат во средно училиште, а втор пат кога имала 24 години.
Линси кажува дека е многу поврзана за својата компанија, посебно зашто е семеен бизнис.
– Фирмата припаѓала на моето семејство кое веќе го нема. Имам обврска да ја задржам онаква каква што тие би сакале, рече оваа таинствена милијардерка.За оваа девојка банкарската сметка не е повод да се појавува во медиумите, па ако сакате да се обидете да дознаете нешто за неа, тешко би успеале в



