Иако првобитната информација која се појави беше дека тенисерката починала за време на тренинг, се чини дека не било така.Тажната вест за смртта на младата тенисерка Виолета Дегтиарева е главна вест во Русија.
Првобитно се појави информација дека оваа 24-годишна убавица починала за време на тренинг, но еден ден после тоа пристигна демант од директорот на спортскиот центар „Олимписки“, Анатолиј Колосков, во кој Дегтиарева вежбала.
„Целиот интернет е преплавен со информации дека Виолета починала за време на тренинг, што не е точно. Тоа не е вистина! Ниту фактот дека починала после тренинг на патот кон болница, ни тоа не е точно. Виолета не тренираше оваа година, за што имаме и видео како доказ“, рекол Колосков и додал:
„Поради овие лажни информации добив покана од канцеларијата на тужителот, да го објаснам целиот случај. Зошто починала Виолета не знаат ниту докторите, но тоа не се случи во нашиот центар.“
Засега останува мистерија како и каде починала оваа убавица, иако, за потсетување, првобитните информации беа дека починала вчера на тренинг откако доживеала срцев удар.
„Вчудовиден сум од тоа колку лаги се појавија околу личноста која денес ја погребуваме. Причините за смртта ќе ги утврдат докторите за еден месец, а можеби и подоцна“, заклучил Колосков.Тажната вест за смртта на младата тенисерка Виолета Дегтиарева е главна вест во Русија.
Првобитно се појави информација дека оваа 24-годишн