Мистерија што трае 16 години: Морничави детали од убиството на Аркан

Поминаа 16 години, а убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан и понатаму ја интригира јавноста. Сѐ уште не се знае кој ја нарача ликвидацијата.На 15 јануари 2000 година, пред тогашен „Интерконтинентал“, околу 17 часот застанале две возила. Од опел „Калибра“ излегле Драган Николиќ Гаги и Милан Ѓуричиќ Мики, кои ѝ биле познати на полицијата.
Од другото возило, голф, излегол Зоран Николиќ Пегла, како и припадникот на Втората чета од Првиот баталјон на полициската бригада на Белград, Доброслав Гавриќ.
Пегла останал на паркингот, додека останатите влегле во холот подготвувајќи се за убиство. Во холот имало гужва. Аркан седел во сепаре недалеку од рецепцијата. Во хотелот дошол заедно со сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохранителот Звонко Матеовиќ.

Додека сестрите во придружба на Матеовиќ разгледувале бутици, Аркан со друштвото седел во холот. Неколку минути по 17 часот им пришле Гаги и Мики.
Се поздравиле со нив и тргнале кон скалите што воделе кон хотелските сали за банкет. Гавриќ седнал во друго сепаре, неколку метри зад Аркан.
Минута подоцна, Гавриќ станал од масата. Од капутот извадил пиштол „ЦЗ 99“. Истрелал три куршуми во тилот на Аркан. Паѓале предмети, а гостите легнале на подот за да се заштитат од рафалните пукања. Полицијата дошла на самото место, но не и брзата помош.
Цеца и Лидија плачејќи молеле за помош и го влечеле Аркан до излезот на хотелот. Цеца потоа се обидела да наговори еден полицаец со службено возило да го однесат Аркан до болница. Тој ја одбил бидејќи немал дозвола од претпоставените.
Конечно, Аркан со БМВ е префрлен во Ургентен центар, Таму и официјално е прогласен за мртов.
На 15 јануари 2000 година, пред тогашен „Интерконтинентал“, околу 17 часот застанале две возила. Од опел „Калибра“ излегле

Пронајдете не на следниве мрежи: