Мистерија: Тинејџерка добила порака на мобилниот, го бакнала братот и се обесила

Петнаесетгодишната М.Г. од Бор е пронајдена обесена во својата куќа во близина на селото Злот кај Бор, а пред да се одлучи на тој чекор примила порака на мобилниот телефон, а потоа го бакнала братот.Според написите на српски „Телеграф“, тинејџерката во четвртокот вечерта седела и разговарала со братот (син на маќеата) и еден роднина додека родителите и дедото биле отустни.
-Во еден момент ѝ стигна порака на мобилниот телефон. Таа ја прочита, а потоа стана, го бакна братот и роднината и рече дека ќе оди да го наложи котелот за греење во просторијата зад куќата. Весело истрча од куќата и ништо не укажуваше на оваа трагедија – вели извор близок до истрагата.
Дека нешто чудно се случува со девојчето се посомневал таткото Драган.
-Таткото повеќе пати ѝ ѕвонел на ќерката на телефон, но таа не се јавувала. Потоа му се јавил на нејзиниот брат да праша што се случило. Детето рекло дека таа отишла да го заполни котелот и дека уште не се вратила – вели извор.
Несреќното девојче е пронајдено обесено на греда со јаже за врзување сено, а ја пронашол нејзиниот брат. Девојчето не оставило проштално писмо.Според написите на српски „Телеграф“, тинејџерката во четвртокот вечерта седела и разговарала со братот (син на маќеата) и еден роднина

Пронајдете не на следниве мрежи: