Балканот е познат по магиите. Екипата на српски Курир се обидела да посети еден регион во Србија кој е познат токму по оваа црна магија.
Три вкрстени свеќи, малку изгорени, обезглавена кукла исшарана со крв, катанец и венец од некои травки. На неколку метри виси тиква исто така намачкана со течност која личи на крв прободена на неколку места. Веднаш покрај река, преку која на речиси секој десет метри има по еден импровизиран мост.
Имено, оваа е глетката во еден Влашки регион во Србија. Дури и оние кои не веруваат во натприродното нема да останат рамнодушни. Со еден збор ВУДУ. Притоа жителите не го коментираат тоа, и не сакат воопшто да зборуваат. Но, не се изненади што особено неделата кога е Младенци овој крај е многу посетен.
Заклучување на машкоста
Куќите во кој живеат оние за кој е познато дека се занимаваат со црна магија и коиработата да нанесат зло се опколени со лук. И кај нив доаѓаат само клиенти кои сакаат некого да „заклучат“. Откако тие ќе фрлат на некого магија доаѓа до заклучување на „машкоста“. Главно работата ноќе на гробишта или на слични места.Им треба само белег, земја од гробишта, крв од обезглавен петел кој велат дека куќата може да ја завие во црно. За тоа постои само еден лек. Имено, оваа влашка црна магија која се смета како најјака во светот ја симнува само белата магија. А во истот село каде што живеат мајсторите на црната магија постојат и „гатачи“ кои лечат од непознати болести и го посипуваат животниот пат со среќа и благосостојба. Една од нив е Слободанка Макулјевиќ. Која вели дека им помага на луѓето а тоа го наследила од нејзината мајка.
-Никого не лажам и на никого не му нанесувам зло. За помошта на наплатувам. Тој што ви кажува цена од него да бегате. Луѓите самите ми даваат пари кој колку може ама јас од тоа не живеам- вели таа. Пред себе во моментот на посетата на екипата на српски Курир имала тегла со вода, нож, босилок, темјан, мед, и бела машка маица.
Имено, маицата била на човекот кој во моментот од неа барал помош. Притоа, тој ослепел и од неа барал да не го напушти семејството. Нејзиното баење трае најмалку половин час.
Па таа за српски Курир се обидела да преведе дел од тоа што го зборува додека бае.
Свилен конец
-Ако нешто дошло од Бога го праќам во црна гора каде нема никој и никој не живее. А ако е „фрлено“ од човек односно народски ако е направено, го враќам од каде што дошол, а ако е затворена вратата ја кршам бравата. А тој после нека се прашува што му се вратило- објаснува како го симнува проклетството.Имено, таа е една од ретките која отворено кажува со што се занимава. Останатите главно се плашат да признаат.
Оваа жена ја открила и легендата на Влашкиот крај
Во овој крај многу одамна исчезнала некоја девојка од селото, а селаните се обиделе да ја најдат. Но, секој што пошол да ја бара исчезнувал без трага.
На алкохоличарите им нема помош
Им помогнав на многумина, на жените да затруднат, но прво морам да имам доказ дека се медицински здрави. Пртходната година ми се родија четири бебиња а оваа три. Им помагам и на оние што не можат да најдат работа. Но само на алкохоличарите им нема помош, со нив не сакам ни да работам-открива таа.Екипата на српски Курир се обидела да посети еден регион во Србија кој е познат токму по оваа црна магија.
Три вкрстени свеќи, малку изгоре