KUALA LUMPUR – Пилотот на мистериозно исчезнатиот малезиски авион Zaharie Shah (53) прогласен е за главен осомничен во службената полициска истрага. После 170 обработени информативни разговори, истражувачите утврдија дека тој е единствениот виновник за исчезнувањето на авионот на линија МН370 под услов до тоа да дошло поради човечките интервенции.Криминалистичката истрага ги опфати сите кои кобниот 8-ми март имале врска с авионот кој летал за Пекинг, но утврдено е дека единствен виновник е пилотот.
Според пишувањето на британскиот „Sunday Times“ за пилотот, инаку татко на 3 деца, утврдено е дека е единствен од посадата кој немал баш никакви планови за иднината, ниту соијални ниту работни, за разлика од останатите вклучувајќи го тука и копилотот . Досега оваа теза не се спомнуваше.
Тајмс исто така тврди дека и полицијата била свесна за гласините кои кружеле за пилотот. Тоа во прв план се однесува на неговите семејни проблеми, најмногу со сопругата. Меѓутоа покрај таквите гласини се побуниле неговите пријатели и семејството кои застанале во негова одбрана.
Друга работа која ја префрла вината на пилотот, е симулаторот на лет кој е пронајден во неговиот дом. На него биле програмирани писти за кои постои сомневање дека можат да бидат користени за во случај авионот да е киднапиран. Некои од тие писти се наоѓаат и на подрачјето на јужниот Индиски океан каде последните месеци се водеше интензивна истрага.
Резултатите од оваа истрага за сега се само упатени од страни истражувања, а тие би требало да ги отфрлат другите можности, како што е механичкиот дефект, или тероризмот.
– Полициската истрага се уште трае, па не е примерно некој да се обвинува, – порачуваат од малезиската полиција, и додаваат дека ги разгледуваат сите можности.
Во меѓувреме новата зона на потрага по исчезнатиот авион ќе биде позната на крајот на јуни, а од Австралија стигнува вест дека ќе се пресели појужно од моменталното место на истрага.Криминалистичката истрага ги опфати сите кои кобниот 8-ми март имале врска с авионот кој летал за Пекинг, но утврдено е дека единствен виновник е п