Облечена во црно од глава до пети, носи црна торба со себе, повлечена е и го препешачила веќе половина САД.Мистериозна жена во црно овие денови започнала да привлекува големо внимание низ цела Америка откако е видена во повеќе држави, а се верува и дека препешачила неверојатни 850 километри од Охајо до Џорџија.
Никој не знае зошто поминува толку голема далечина и тоа пешки но на интернет се шират гласини дека зад сето ова стои некоја религија.
„Никој не ја знае нејзината приказна. Таа со никој не сака да разговара“- кажува Александриа Шуберт која таинтвената жена ја сретнала во Тенесија.
Кога ја сретнала полицијата таа и рекла дека се вика Елизабет Полес, дека има 56 години и дека е од Алабама.
Истовремено рекла и дека тргнала во библиска мисија и дека е член на религиските движена на исламската нација.
Исто така кажала и дека е вработена во Пентагон, во што полицајците не поверувале,
На Јутуб се појавила и снимка на која на паркингот на трговскиот центар се расправа со еден маж околу верата, но не е сосема јасно што сака да му порача на светот.
Мистеријата се раширила во толкави размери што е направена и посебна страница на Фејсбук на која агилните граѓани објавуваат фотографии и локации на кои е жената во црно, која и понатаму пешачи во Америка.
Погледнете ги и видеата…
Мистериозна жена во црно овие денови започнала да привлекува големо внимание низ цела Америка откако е видена во повеќе држави, а се верува и
Пронајдете не на следниве мрежи: