Понекогаш се чини дека овој воен и полициски разузнавач како да не постоел. Меѓутоа, до ден денес во јавноста се зборува за генералот Јово Поповиќ како творец на тајните шпионски методи, антидиверзантските обуки и вештачења, системите за безбедност…Генералот Јово Поповиќ почина во 2001 година, но и по првата деценија од третиот миленум остана мистериозна личност.
Како Титовиот човек од доверба за тајни операции, тој бил командант на Штабот за интернационална помош за Неврзаните и ослободителните движења во Африка и Азија. Таа помош почна да се остварува кон крајот на Втората светска војна, кога Тито им помагал на грчките комунисти и партизани. Јово Поповиќ и Петар Лучиќ обучиле стотина Грци да ракуваат со овој вид на наоружување.
Поздравувал од возот во униформата на Маршалот
Грчкиот генерал Маркос преку југословенската тајна служба го добил прекарот „грчки Тито“. Генералот Поповиќ тогаш бил клучна личност за личната безбедност на Јосип Броз Тито. Во мерцедесот со број 777, тој поминувал прв за да ја испита сигурноста на патиштата, пругите и објектите во чија близина би се движел Тито.
„Во времето на Тито, од безбедносни причини, постоел и лажен `син воз`. Таа композиција со два вагона била користена како извидница, но и како маска за да не се знае со кој воз патува Броз. Се случувало и јас да го глумам Тито во таа лажна композиција“, се повери генералот Поповиќ и покажал фотографија на која се гледа дека тој и Броз се слични по висината, крупната глава и бојата на лицето.
Подземни бункери
Како директор на Институтот за безбедност, тој градел подземни команди на ЈНА по Југославија, но и во пријателските земји. Тие тајни тврдини биле пример според кој Садам Хусеин, царот Хајле Селасија и полковникот Муарем ел Гадафи, ги граделе своите подземни утврдувања. Кога Американците упаѓале во кабинетите на Садам Хусен и Гадафи, најпрво морале да провалат во бункерите кои биле правени според наредбите на Тито и упатствата на генералот Јово Поповиќ.Генералот Јово Поповиќ почина во 2001 година, но и по првата деценија од третиот миленум остана мистериозна личност.
Како Титовиот човек од