Мистериозните пловечки ридови на Плутон

Најновите истражувања на НАСА потврдија многу чудни работи, а најчудна е онаа дека ридовите составени од воден лед на Плутон „пловат“ во море од течен азот.Како што научниците од НАСА продолжуваат да ги анализираат вчудовидувачките слики од Плутон испратени од возилото New Horizons, вниманието се повеќе се насочува кон изолираните ридови што се наоѓаат во широкиот празен дел наречен „Спутник Планум“.
Тие веруваат дека постојат огромни парчиња лед, оддалечени по неколку километри. Бидејќи водениот лед е погуст од азотниот лед, научниците од НАСА веруваат дека ридовите „пловат“ низ море од смрзнат азот, слично како што глечерите пловат низ Северниот Леден Океан на Земјата.
Кога пловечките ридови влегуваат во теренот на централниот Спутник Планум, придвижени од текот, тие пловат до крајот на групацијата на ваквите ридови.
Во областа наречена Чаленџер Колс, постои голема акумулација на вакви ридови, чија област се протега во 60 на 35 километри. Научниците веруваат дека овде ридовите од воден лед се „испловени“ заради плиткоста на азотот на тоа место.
 
Како што научниците од НАСА продолжуваат да ги анализираат вчудовидувачките слики од Плутон испратени од возилото New Horizons, вниманието се повеќ

Пронајдете не на следниве мрежи: