Поради постоењето на необјаснивите споменици и археолошки наоди, повеќе археолози се убедени дека некогаш постоеле заборавени и мошне напредни цивилизации, чии остатоци се уништени низ историјата.Праисторијата буквално значи: „пред да имаме писмена евиденција“, околу 400 години пред Исус Христос, а древната историја е доба од првата пишана историја. Библијата доста влијаела на нашиот концепт на древна историја, а некои историски факти за одредени култури се скриени, заборавени или дури пропуштени. Овие мистерии потсетуваат на нивното постоење, пишува „Punkufer“.
Пума Пунку
Пума Пунку е една од четирите конструкции во древниот град Инка Тиванку во Јужна Америка. Се верува дека се конструкции постари од самите пирамиди, околу 15 000 години. Дури ни Инките не ја знаеле нивната историја. Масивните блокови немаат траги на себе од резбање и толку се прецизно изградени, што меѓу нив не може да застане ниедно влакно. Очигледно дека градителите имале многу софистициран алат. За системот на наводнување, канализации и водовод не треба ни да зборуваме.
Балбечката загатка
Археолошкото наоѓалиште Баалбек во Либан има некои од најзначајните добро сочувани римски остатоци на денешницата. Храмовите се изградени од монолит од кои некои тежат и до 1200 тони . Мистерија е како овие камени блокови се донесени на ова место и од кој каменолом се вадени огромните камени блокови.
Висорамнината Гиза
Многу книги се напишани за древниот Египет. Така сега знаеме дека колку точна и прецизна била изградбата на Големите пирамиди кој веројатно никогаш не биле наменети за гробници. Исто така е докажано дека до ерозијата на Сфингата пред овој реон да стане пустина , пред околу 9000 години. Некои истражувачи дури веруваат дека Сфингата е многу постара од тоа и сметаат дека египетската цивилизација каква што ја познава историјата не постоела пред толку години.
Гоблески Тепе
Овој локалитет датира од крајот на последната ледено доба, а неодамна е откриен комплекс храмови во југоисточна Турција. Прибор за храна, писма, тркала и металургија се само дел од тоа што е пронајдено во овој храм. Нивната изградба подразбира високо ниво на софистицираност и сложеност, која досега не била поврзана со цивилизацијата на палеолитот. Локалитетот се состои од вкупно 20 тркалезни објекти, а фасцинантно е тоа како првите цивилизации во таа доба и со такво орудие и знаење можеле да изградат нешто вакво величенствено. Праисторијата буквално значи: „пред да имаме писмена евиденција“, околу 400 години пред Исус Христос, а древната историја е доба од прв