МИСТЕРИОЗНО ОТКРИТИЕ: Научниците ги изненадил камен кој е составен од дури 30.000 дијаманти!

Рудникот за дијаманти Удачнаја во Сибир, малку под Арктичкиот кург, длабок е повеќе од 600 метри што го прави третиот најдлабок и отворен рудник во светот. Во Удачнаја, годишно се ископуваат тони скапоцени камења, но рударите неодамна наишле на необичен црвено-зелен камен.Се испоставило дека каменот, кој е голем само 3 cm, се состои од дури 30.000 ситни дијаманти во концентрација милион пати поголема од онаа во која дијамантите се наоѓаат во обичните карпи.
Иако станува збор за вистинско геолошко чудо, каменот ѝ беше подарен на Руската академија за науки, бидејќи дијамантите се премногу ситни за комерцијална употреба, пишува Live Science.
По деталното скенирање со рентгенски зраци, научниците откриле дека дијамантите во внатрешноста на каменот се во облик на октаедар – како две пирамиди споени со дната.
„Возбудливо е тоа што таму се наоѓаат 30.000 ситни, совршени октаедри, но нема ниту еден поголем дијамант“ – вели Лери Тејлор, геолог од Универзитетот Тенеси, кој ги презентирал резултатите од истражувањето на годинешниот собир на Американското геофизичко здружение.
Научниците се надеваат дека пронаоѓањето на овој камен ќе помогне при расветлувањето на процесот за природното настанување на дијамантите. Се знае дека дијамантите настануваат кога кристалите од чистиот јаглерод се наоѓаат под влијание на огромниот притисок и високите температури на длабочина од 150 километри во Земјината кора, но одредени процеси сѐ уште се целосна мистерија.
„Хемсиките реакции кои деоведуваат до создавање на дијамантите се вистинска енигма“ – изјавил Тејлор.
Русија е најголемиот производител на дијаманти во светот, со повеќе од 33 милиони карати годишно. Компанијата „Алроса“ е заслужна за 99% од руското, односно 27% од светското количество на ископани дијаманти годишно. Во превод, тоа е остварена заработка од околу 4 милијарди долари годишно.Се испоставило дека каменот, кој е голем само 3 cm, се состои од дури 30.000 ситни дијаманти во концентрација милион пати поголема од онаа во која

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.