Митровиќ: Неподнесувањето отчет од Стојаноски беше преседан кој го преспа ВМРО ДПМНЕ

По навршувањето на првите 100 дена од мандатот на градоначалникот Јован Стојаноски, Охрид1 објавува анализи на нашите аналитичари кои ќе го анализираат и самиот чин на неподнесување на отчет пред народот за сработеното, како и првите 100 дена од мандатот на градоначалникот, пренесува Охрид1Прв анализира Никола Митровиќ, доктор по историски науки и доцент, како и автор на поголем број стручни дела.Политичкиот практикум отсекогаш преставува момент за согледување на политичките дејанија но исто така и реализација на дадените ветувања, отчетност и транспарентност. Тоа вон политичка смисла треба да претставува празник и за оној од кого се бара отчетност и за оние кои го избрале да дава отчетност. Тоа не треба според политичката пракса да биде празник за оние кои се спротивставена политичка опција бидејќи на тој ден со својот политички отчет би требало по редот на нештата да бидат во најмала рака неутрализирани. И оваа пракса, традиција, политички потег, како сакате наречете го иако во целост требаше да биде веќе досега видена ситуација, во која градоначалникот си го обезбедува својот отчет искажувајќи ги и наредните чекори а опозицијата како по дифолт да реагира со одредена реакција или прес, изненадувачки сме поставени бидејќи не согледавме ниту еден дел од овие дежа ву процеси.И нормално се поставува прашањето зошто?Како компарација би ги согледал 100 дена на претходниот градоначалник на Охрид Бакрачески кој за своите сто дена направи голема презентација на спроведените активности. Колку од нив и да беа реализирани или ќе се реализираа тој ја продолжи таа пракса на континуитет, но и во еден помпезен транспарентен начин поткрепен со  видео презентација и печатен отчет пред граѓаните. Тоа во периодот по стоте дена продолжи и натаму со голема медиумска присутност и известувања до граѓаните како се трошат нивните пари,  ја спроведе својата активност како Градоначалник со општина Охрид.Да не заборавиме дека во 2013 новата власт затекна комплетен хаос, долгови и целосно неорганизирана админситрација, па промените кои почнаа во првите 100 дена беа многу големи, споредено со сегашната понормална ситуација, која е олеснителна околност за подобар старт на оваа власт.Градоначалникот Стојаноски најверојатно спроведува сосема нова пракса во која можеби ќе се промени и во  понатамошните негови активности ќе го согледаме на транспарентен начин неговото работење за градот Охрид. Но притоа мора да се забележи дека се прекинува една традиција на политичка пракса, традиција за отчетност. Да се разбереме дека тоа не значи дека нема отчетност или активности поврзани со општината и реализирани проекти но тие не се на транспарентен начин прикажани пред граѓаните. Но тоа може и да значи дека и нема многу реализирани активности. Останува на акцепторот тоа да го воочи.Сето тоа може да оди на штета на градоначалникот Стојаноски бидејќи граѓаните и тоа како се желни особено по една голема политичка промена да ги слушнат одредени промени во раководењето на локалната самоуправа. Иако можеби овој моментум граѓаните се надеваа дека најдобро ќе го искористи ВМРО ДПМНЕ и ќе укаже според нивниот вокабулар дека Стојаноски воопшто не спровел активности проекти за реализација и затоа нема отчет зачудувачки но и од нивна страна нема воопшто никакво медиумско соопштение прес или слично. И сега нормално се прашувате зошто е овој политички молк и амнезија за ваквите политички дејанија кои во градот Охрид не биле согледани никогаш претходно. Дали тоа е врз неможноста несакањето или некадарноста во ОК ВМРО ДПМНЕ бидејќи на овој начин се разочарани сигурно во целост и оние луѓе кои припаѓаат на опозициската политичка провиниенција, бидејќи тие токму очекуваат вакви моменти за политичко дејствување. Но од нивна страна молк. Иако гледаме дека одредени проекти се започнати уште во изминатиот период кога градоначалник беше токму градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Кога има процеси на одредени нелогички политички дејствувања и слично. Сето тоа опозицијата не го користи и најверојатно му остава комодитет на градоначалникот Стојаноски мирно да го спроведува својот градоначалнички мандат. Стојановски сепак ќе мора што побрзо да го зголеми својето темпо на што поголема присутност во медиумската сфера, бидејќи се очекува што повеќе да е присутен пред граѓаните доживувајќи го како градски татко. Да не се заборави дека неговата популарност се истакна со тоа што ВМРО ДПМНЕ изгуби со околу 4500 илјади гласа а само пред неколку месеци ВмРО ДПМНЕ на парламентарните избори победи со скоро 2000 гласа. Токму таквата политичка победа дури на градоначалникот Стојановски може да му донесе одреден антагонизам и меѓу одредени структури и внатре во својата партија инсталирани низ различни комисии и структурални позиционирани тела кои со сигурност понатаму ќе имаат влијание и преовладуваат врз него или барем ќе се обидат за влијание врз неговите одлуки. Според досегашното согледување градоначалникот Стојановски на мирен начин без некоја голема опозициска наметливост (иако секогаш таа треба да му биде ветер кој ќе го тера напред) мирно ќе го спроведува својот мандат па дури тој и да помине без поголеми реализирани проекти, а еве сведоци сме низ изминативе 100 дена дека тоа може да се проведе и без било каков отчет кој сепак им е потребен на граѓаните.Прв анализира Никола Митровиќ, доктор по историски науки и доцент, како и автор на поголем број стручни дела.Политичкиот п

Пронајдете не на следниве мрежи: