Млад Робин Худ: Момче крадело од богатите и им давало на сиромашните

Момчето, според порталот „Вести“, во Сутоморе дошло со мајката и со очувот, кој е градежник, а кому требало да му помага во работата, за да стекне работни навики. Според полицијата, старателите не биле свесни дека нивното дете краде.Полицајците од Бар не ни сонувале дека зад четирите кражби во Сутоморе од последните четири дена стои осумгодишното момче И.П. од Будва. Тие биле уште поизненадени што момчето признало дека украло речиси 2.000 евра и им ги разделило на луѓе во градот.
Следејќи ги пријавите за грабежи во Сутоморе, полицијата од Бар ја решила мистеријата, која неколку дена ги мачела ограбените граѓани. Меѓутоа, проблемот на ограбените сопственици е што не успеале да ги вратат украдените пари, иако е пронајден малолетниот виновник. Парите што тој ги украл им ги разделил на непознати луѓе за кои мислел дека немаат пари и оти се сиромашни.
Откако И.П., кого локалните жители веќе го нарекуваат малиот Робин Худ, бил приведен во полицијата во Бар, во присуство на мајка си и на претставници Центарот за социјална работа, признал дека извршил четири кражби, и раскажал што направил со поголемиот дел од парите што ги украл.

 
Полицајците пронашле само мала, незначителна сума кај момчето. Момчето раскажало дека на автобуската станица во Сутоморе наишол на неколку момци, кои ги прашал: „Имате пари?“.
Kога добил негативен одговор, тој им дал 700 евра, изјави извор од полицијата во Бар.
Момчето, според порталот „Вести“, во Сутоморе дошло со мајката и со очувот, кој е градежник, а кому требало да му помага во работата, за да стекне работни навики. Според полицијата, старателите не биле свесни дека нивното дете краде.
Со оглед на тоа што е малолетник, момчето не подлежи на кривична одговорност. Известен е обвинителот, кој му наложил на Центарот за социјална работа да се погрижи за детето за да не се повторат работите.Полицајците од Бар не ни сонувале дека зад четирите кражби во Сутоморе од последните четири дена стои осумгодишното момче И.П. од Будва. Тие биле у

Пронајдете не на следниве мрежи: