Млада волонтерка во прифатилиште била избодена од 15-годишен мигрант!

Млад барател на азил (15), во бегалски центар во Шведска е уапсен поради сомнеж дека убил вработена во прифатилиште.Имено, 22-годишната Александра Мезхер била нападната од тинејџер во понеделникот, на западниот брег на Шведска.
Полицијата тврди дека нападот се случил во центар за бегалци, а жртвата на нападот, 22-годишна Швеѓанка била префрлена во болница каде што им подлегнала на зададените повреди.
Напаѓачот веднаш бил уапсен поради убиство.
„Ваквите случаеви сѐ повеќе зачестуваат. Имаме сѐ повеќе инциденти како што е овој откако пристигна големиот број на бегалци во нашата земја“ – изјави портпаролот на полицијата, Томас Фуксборг.
Националниот комесар на полицијата, Ден Елијасон, побарал дополнителни 4.000 полицајци во борбата против тероризмот, како и за депортација на мигрантите и полициско обезбедување на азилантите.
„Присилени сме да одговараме и реагираме на големиот број инциденти во прифатилиштата за бегалците. Во некои случаеви тоа бара и големи полициски ресурси за да бидат решени проблемите. Тоа не се случуваше во претходните шест месеци и тоа значи дека нема да можеме ефикасно да одговориме во другите области“ – изјави Елијасон за шведската новинска агенција ТТ.
Шведска прими повеќе од 160.000 баратели на азил во 2015 година. Оваа земја ги заостри своите прописи за азил со цел да се справи со големиот прилив на мигранти.

Пронајдете не на следниве мрежи: