Младиот Тасевски е во потрага по нов фудбалски клуб!

Тасевски ќе игра за тимот кој ќе ги препознае неговиот квалитет и вештини…20 годишниот фудбалер Роберт Тасевски е во потрага по нов фудбалски клуб. Тој досега има тренирано и настапувано за: ФК Вардар, ФК Тетекс, ФК Маџари С. НК Кроација(Хрватска) и ФК Локомотива (Скопје).
Како млад фудбалер и тој се соочува со овој проблем кои го имаат сите млади фудбалери. Тој сака да има нови интернационални ангажмани во странство се со цел нови можности и напредок во својата кариера. Ако не му се укаже некоја сериозна понуда за надвор од нашава земја, тогаш и понатаму ќе остане да игра во Македонија за некој добар тим кој ќе ги препознае неговиот квалитет и вештини.
Тој е исклучително талентиран играч, кој сака да напредува со својата кариера и да почне да заработува добри пари, но ја доживува судбината на сите фудбалери кои се борат за пронаоѓање на своето место во фудбалскиот свет.
Тимот на Пулс24 му посакува многу среќа во понатамошната кариера и потрагата по нов клуб.

20 годишниот фудбалер Роберт Тасевски е во потрага по нов фудбалски клуб. Тој досега има тренирано и настапувано за: ФК Вардар, ФК Тетекс, ФК Маџар

Пронајдете не на следниве мрежи: