Голем број млади битолчани активно се вклучија во настаните кои што се организираат во рамките на најновото издание на младинскиот арт фестивал “Битола отворен град 2016” на МКЦ – Битола.
Фестивалот кој што годинава во својот фокус го става граѓанскиот активизам, на битолската сцена донесе голем број содржини од типот на: ретроспективна поставка на плакатите од досегашните изданија на манифестацијата, стрип изложба “Токсична планета”, презентација на филмот “BT Tocix” и дискусија за загадувањето, инсталација и јавна дискусија на тема исселување на младите насловена “По друм одам мајче..”, работилница за тоа како да се поднесе граѓанска иницијатива, регионален форум за пелагониски и југозападен регион со теренска работилница “Фото глас – алатка за граѓански активизам на локално и регионално ниво”, јавна дискусија “Родов гејминг за еднакви права” со Ана Јовковска и дебатно кино Контра Кадар со проекција на документарниот филм на Сандра Ѓоргиевска “Зелени ѕидови – црна храна” за условите за живот во студентските домови.
Музичкиот дел на фестивалот донесе и два улични концерти на “Палиндром” и “Ју”, додека утревечер на Широк сокак настапуваат рок атракциите “Електрични оргазам” и “Бернајс Пропаганда”.
Сите настани се бесплатни и отворени за сите посетители. Фестивалот кој започна на 22 јуни трае до 25 јуни.
Идејата е фестивалот да послужи како важна платформа за многумина уметници, млади луѓе и учесници од граѓански организации, да ги искажат своите ставови за општествено релевантни теми преку културни активности.
Со почит,
Младински Културен Центар Битола
075 397 732Фестивалот кој што годинава во својот фокус го става граѓанскиот активизам, на битолската сцена донесе голем број содржини од типот на: р