Младите македонски ракометарки остварија убедлива победа над Израел

Со убедлива победа над Израел македонската женска младинска репрезентација составена од ракометарки до 20 години го започна својот настап во квалификациите за Светското младинско првенство 2016 година.Избраничките на селекторот Симе Симовски, попладнево во салата „Пјер де Кубертен“ во Париз каде се играат натпреварите од петата квалификациска група, ги декласираа своите врснички од Израел убедливо со 41-17. Прашањето околу победникот беше решено уште по првото полувреме во кое нашите ракометарки постигнаа 22, а на Израелките им дозволија да постигнат само 5 гола.
Во вториот меч од оваа група играат домаќинот Франција и селекцијата на Словенија. Токму Словенките се следните противнички на нашите ракометарки во мечот кој ќе се игра утре од 14:30 часот.
Во последното коло во недела од 15 часот на програмата е натпреварот против домаќинот Франција, селекција која важи за главен фаворит во групата за освојување на првото место, единствено кое што носи пласман на Светското првенство.Избраничките на селекторот Симе Симовски, попладнево во салата „Пјер де Кубертен“ во Париз каде се играат натпреварите од петата квалиф

Пронајдете не на следниве мрежи: