Поголема вклученост на младите во воншколски активности е дел од заложбите на Сојузот на извидници на Македонија кои во соработка со општина Берово преку презентација го претставија извидништвото пред младите во ОСУ “Ацо Русковски“ во Берово.80-тина ученици беа дел од настанот кој започна со кратка презентација за извидничкото движење во Македонија и светот, а продолжи со три практични работилници во кои младите имаа можност да се запознаат со некои од традиционалните извиднички вештини.
На првата работилница учениците се запознаа со некои од најкорисните извиднички јазли, на втората работилница научија како да сокријат порака, додека на третата изработуваа цветови поклон за најблиските дами по повод 8-ми март.
Настанот беше прогласен за успешен како од претставниците од Сојуз на извидници на Македонија така и од училишниот кадар кој што СИМ го смета за клучен партнер во реализацијата на извидничката програма во општината и истиот е дел од програмските активности на Сојуз на извидници на Македонија предвидени за Општина Берово, чија цел е да поттикнат иницијатива кај младите за формирање на извиднички одред кој ќе делува на територијата на Општина Берово.
Натамошната работа со оваа младинска иницијатива предвидува неколку кампувања, планинарење, сплаварење и ред обуки кои се наменети да ги оспособат младите со круцијални вештини за самите тие да станат активни членови во извидничкото движење.80-тина ученици беа дел од настанот кој започна со кратка презентација за извидничкото движење во Македонија и светот, а продолжи со три практични