Изградбата на овој пат е едно од најголемите барања на жителите од овој регион затоа што од една страна се скратува времето на патување до границата со Република Бугарија а од друга страна се поврзуваат десетина населени места.Делницата Мокрино-Смолари е со должина од 4 км и е во вредност од 1,2 милиони евра. Со реализацијата на ова предизборно ветување покрај економските и стопанските бенефити, значајно се намалува и патот кој локалните жители но и туристите требаше да го изминат за да дојдат до Смолари и Смоларскиот Водопад. Од некогашните 18 км, сега подбеласичките природни убавини се содржани во 4 км пат, изграден по високи стандарди.
Како што членовите на УМС сликовито ја претставија доскорешната ситуација со поставување на знакот на кој беа испишани 18-те километри кои до сега секој требаше да ги помине, од спротивната страна, по должината на новоизградената делница беше поставена и таблата со моменталната должина на новоизградениот пат со цел сите минувачи да бидат потсетувани на бенефитот од реализираниот проект.
Од Унијата на млади сили од Ново Село велат дека младите од општината се свесни за големината и бројот на реализираните проекти во последните 10 години, како и бенефитот од истите кој го чувствуваат сите. Тие, и во иднина ќе продолжат да ги следат и да ги акцентираат новите владини проекти и остварувања.Делницата Мокрино-Смолари е со должина од 4 км и е во вредност од 1,2 милиони евра. Со реализацијата на ова предизборно ветување покрај економските