Младоста на Металург загуби против „богатите“ од Париз

Македонскиот шампион загуби на премиерата во Лигата на шампионите.Металург со пораз од богатиот ПСЖ со 22:27 ја стартуваше новата сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на ЕХФ. Без суспрендираниот Ренато Вугринец, но со Дарко Станиќ како повратник на голот, стратегот на Металург, Лино Червар го започна натпреварот против богатиот тим од Париз. Двата тима со повеќе промени во однос на ланскиот состав, кај ПСЖ дојдоа Акамбре, Бараше и Омејер, сите до еден репрезентативци на Франција, а во Металург се решија за подмладување и ги донесоа Липовина, Ѓукиќ и Марсениќ. Богатиот париски тим веројатно ја научил лекцијата од лани и дојде решен да победи во Скопје.
Без класичен десен бек почна тимот на Металург во напад, но тоа не беше проблем за Наумче Мојсовски да го донесе водството за македонскиот шампион. Игор Вори уште во првиот напад не пропушти да покаже дел од својот репертоат на „ниски“ удари и се спречка со Ацо Јоновски. ПСЖ во долгиот прв напад успеа да израмни преку Онрубиа од лево крило, а Металург направи две технички грешки по ред и тимот од Париз преку Хансен стигна до 1:3.
 
Во 6-тата минута ја одбележавме првата одбрана на Станиќ на голот на Металург, но одбиената топка од него стигна до Абало кој казни за 2:4. Мијајло Марсениќ го постигна деби голот во ЛШ за Металург, а Станиќ брани вторпат по шутот на Нарцис, но тимот од Автокоманда продолжи со техничките грешки во напад, па на Абало не му беше тешко од контра да погоди за 3:5.
Српскиот чувар на мрежата на Металург ја крена на нозе цела сала по одбраната на отворениот шут на Абало и потсети на моментите од ланската сезона, но во следниот напад како по правило, казнета грешката на Металург со контра за 3:6 и прво опипливо водство на гостите од Франција. Червар ги внесе Липовина на десен бек и Циндриќ, но немаше големо фајде од тоа, бидејќи Вори погоди од полуконтра за 3:7. Филип Миркуловски уште постигна гол со негов карактеристичен влез на 6 метри за 4:7 и изнуди исклучување во гостинскиот тим.
Дарко Станиќ иако не играше долго време за тимот од Авоткоманда сепак покажа дека не изгубил воопшто од добрата форма. Судиите Какадор и Николау се повеќе го навелкуваа гневот на гледачите, откако не досудуваа очигледни фаули од гостите. Со вториот гол во серија на Миркуловски, Металург намали на 5:7, што го приндуи Гардан да бара тајм-аут, а неговите избраници погодија за 5:8 преку Онрубиа.
Двата гола на Манасков по ред повторно ја зовреа атмосферата во салата и парискиот тим веќе не играше опуштено како на почетокот, па се редеа и нивните грешки, но металурзите не казнуваа на спротивната страна. Липовина конечно покажа дел од својот репертоар на удари за 10:11 и повторно гледалиштетот беше на нозе, а до крајот на првиот дел Металург успеа дури и да израмни на 11:11 преку Мијајло Марсениќ.
Второто полувреме стартуваше со два прокетили на Хансен и Нарсис и водство на ПСЖ 11:13, па момците од Автокоманда требаше пак да бркаат негатива како во првиот дел. Липовина погоди за 12:13, а Марсениќ израмни на 13:13 и повторно се требаше од почеток. Коциќ го замени Станиќ на голот на Металург, но во следните неколку минути се играше гол за гол и се погодуваше на двете страни.
Абало беше нерешлива загатка за одбраната на Металург и погоди за 16:17, пред  Хансен со бомба да зголеми на 16:18, а Дарко Станиќ да го замени индиспонираниот Мирослав Коциќ.  Павел Атман реализираше брзо, но и гостите возвратија за 17:19. Следуваше одбрана на Омејер по шутот на Манасков и Копљар погоди за 17:20 и плус 3 за гостите од Париз. Червар беше гневен на судискиот пар од Португалија и поради приговори заработи жолт картон, пред Хансен од пенал да го донесе највисокото водство за ПСЖ од четири голови разлика, 17:21.
Мијајло Марсениќ покажа дека ќе биде првиот избор на линијата оваа сезона откако погоди за 18:21, а во следниот напад ПСЖ погреши и Манасков се избори за топката по што беше грубо фаулиран од Хансен, кој беше исклучен на две минути. Но во следниот напад катастрофална грешка на одбраната на домаќините и Копљар непречен од никого погоди за 18:22, пред Ѓукиќ  со брз гол да намали на 19:22, а Миркуловски да пгооди за 20:22. Омејер му одбрани чиста контра на Манасков и реузлтатот остана непроменет на 7 минути до крајот.
Нова ерупција во салата имаше по голот на Циндриќ за 21:22, но публиката набрзо замолче по голот на Хансен за 21:23. Следуваа две технички грешки на „металурзи„ и одбрана на Омејер па парискиот тим погоди двапати за повторно плус 4, 21:25 и тука беше јасно дека победата ќе оди во Франција. Миркуловски погоди за 22:25, но гостите не трепереа во последните напади и пак погодија за 22:26 и за 22:27.Најдобар поединец кај домашните беше Миркуловски со 5 погодоци, Марсениќ постигна 4 , а кај гостите тоа беше Хансен со 6 постигнати голови. Следен предизвик за ракометарите на Металург ќе биде гостувањето кај Брест Мешков следниот викенд.
МЕТАЛУРГ – ПСЖ 22:27(11:11)
Скопје: СЦ „Борис Трајковски“, судии: Какадор и Николау, делегат. Водопивец
МЕТАЛУРГ: Станиќ, Ојлевски, Димовски, Липовина, Георгиевски, Манасков, Миркуловски, Марковски, Мојсовски, Атман, Циндриќ, Јоновски, Марсен иќ, Борозан, Ѓукиќ, Коциќ
ПСЖ: Аноне, Мелиќ, Акамбре, Часар, Вори, Диа, Гојун, Омејер, Гунарсон, Абало, Хансен, Нарцис, Онрубиа, Копљар, Мтима, Бојиновиќ
Извор: sport365.mkМеталург со пораз од богатиот ПСЖ со 22:27 ја стартуваше новата сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на

Пронајдете не на следниве мрежи: