Мммх…Запечени тиквици со моцарела и шунка! Состојки:
3 средни тиквички
4-5 лажици брашно
150 гр шунка
250 гр моцарела
40 гр парезан
сол,бибер
40 гр презла
100 мл млеко
аслиново масло
Подготовка
Тиквиците измијтре ги и насечете на плочки со дебелина 2мм.
Во вреќичка ставете неколку лажици брашно и тиквичките. Добро затворете па протресете за тиквичките да примат од брашното од сите страни. Извадете и истресете го вишокот брашно.
Лесно намастете го дното на огноотпорниот сад или тепсија, па редете ги тиквичките густо една до друга, да нема празнина. Малку посолете и попарете.
Преку тиквиците ставете ред тенко сечена моцарела, па ред тенко сечена шунка. Ставете рендан пармезан.
По истиот редослед уште еднаш наредете ги состојките.
Завршете го редот со тиквици. Посолете и попарете.
Обилно ставете пармезан, па прекријте со презла.
Полејте со малку маслиново масло. На работ на садот ставете по малку млеко за јадењето да не се исуши за време на печењето. Печете на 200 С околу 40 минути. Состојки:
3 средни тиквички
4-5 лажици брашно
150 гр шунка
250 гр моцарела
40 гр парезан