МНФ бара итно ослободување на Едмонод Темелко и македонските патриоти

Господо од власта, имате ли барем малку македонско останато во Вас? Додека ги пуштате од затвор криминалците од рангот на Агим Красниќи, човекот кој се закануваше дека ќе го гранатира Скопје, додека ги пуштате од власт луѓето како Бајруш Сејдиу кој беше криминалец од највисок ранг во Македонија, додека го пуштате Гафур Адили еден од основачите на УЧК на кој кој му беше забранет влез во Македонија и САД вие почнавте со апсење на МАКЕДОНЦИТЕ кои се последната брана на македонизмот во Албанија.Ги апсите затоа што си го бранат светото а тоа е Македонија и македонските национални интереси.Овие луѓе кои ги апсите, ги апсите исклучиво поради фактот дека се борат за Македонија.Во вас не остана ништо македонски и сакате да ги скршите и последните кои ви застануваат на патот а тоа е продажбата на Македонија.Ги апсите како најголеми криминалци а криминалците ги ослободуваате како најголеми жртви од претходната Влада.Оваа игра што ја играте ќе заврши за брзо време, можеби некогаш ќе се покаете за овие злодела што и ги пратвите на Македонија и македонскиот народ и македонскиот народ ќе ви прости бидејќи има срце и има добра душа.Вие сами сте свесни колкаво зло и нанесувате на Македонија со договорите кои ги потпишавте со Бугарија, со тиранската платформа а сега и со апсењата на последните чувари на Македонија.Знаеме дека ова е почеток на апсењата на вистинските Македонци и дека вие со ова се загревате за нови апсења после локалните избори.Можеби ќе не уапсите 100, 1000, 10.000 ама едно да знаете дека и последниот Македонец ќе се бори против вас и против вашите злодела бидејќи сте свесни дека Македонецот е како тревата пиреј, ти колку сакаш кошкај ја, корни, ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.СЛОБОДА ЗА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО !!!СЛОБОДА ЗА МАКЕОДНСКИТЕ ПАТРИОТИ ПО ЗАНДАНИТЕ !!!СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА !!!СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ И ДИКТАТУРАТА !!!Додека ги пуштате од затвор криминалците од рангот на Агим Красниќи, човекот кој се закануваше дека ќе го гранатира Скопје, додека ги пуштате од вл

Пронајдете не на следниве мрежи: