Многу од „новите“ мерки на СДСМ, беа нивни ветувања и во 2002

Повеќе мерки кои СДСМ ги предлага во својата програма Решенија за Македонија се всушност повторени предизборни ветувања на партијата од 2002-та.Таа година СДСМ ја доби власта на основа на повеќе проекти кои ги вети, а потоа не ги реализираше.
Слично како со мерката за поврат на 15% од ДДВ на граѓаните која се промовира сега, а која беше најавувана и тогаш и неисполнета откако го доби мандатот, партијата се чини дека ископирала многу од програмата која пред 11 години ја состави старото раководство предводено од Бранко Црвенковски.
Мерките кои партијата ги ветува денес во областите на економијата, инфраструктурата, образованието и социјалната политика наликуваат или пак се исти со предизборните ветувања од 2002-та.
Еве споредба:
СДСМ 2002:
Поттикнување на полицентричниот развој на Македонија, со политика на современ просторен развој и подинамичен развој на недоволно развиените подрачја.
“Заради зголемување на мобилноста на работната сила, Владата на СДСМ ќе влијае врз подобрување на инфраструктурните услови и заживување и динамизирање на стопанските активности во помалите градски центри и селски населби. Особено ќе се поддржи развојот на земјоделството, преработувачките капацитети, туризмот и сл”, беше најавено од партијата.
 
СДСМ 2013:
Партијата и годинава на граѓаните им ветува дека ќе се залага за развој на инфраструктурата, особено патиштата и поврзување на земјата.
“Целта е инвестирање во инфраструктура, најконкретно во патишта. Станува збор за изградба на систем на патишта со кои ќе се поврзат сите поголеми места во земјава, така што од едно до друго место ќе се стигнува за најмногу 90 минути. Тоа ќе ја направи Македонија речиси еден град, еден мегалополис. Не мора да живееш во Скопје и да имаш повисоки трошоци, ако можеш брзо и исплатливо да стигнеш од едно до друго место во земјава. Проектот превидува да се доправат и реконструираат патиштата, за патувањето низ Македонија да стане брзо и исплатливо. Предвидена е и дополнителна автопатска мрежа, односно изградба на Kоридорот 8. Во моментов целиот акцент е ставен на Kоридорот 10, а овој битен дел од патната мрежа се заборава”, изјави Ванчо Узунов.
СДСМ 2002:
Пред 11 години партијата во делот на економскиот развој настапи со ветувања за кредитна, даночна и надворешнотрговска политика во функција на поддршка на инвестициите во трудоинтензивните, но современи сектори кои истовремено се пропулзивни и извозно ориентирани и ја зголемуваат побарувачката на квалификувана работна сила.

 
СДСМ 2013:
– Ќе финансираме од Буџетот изградба и опрема на капацитети за производство на репроматеријали, за преработувачки капацитети и откупни центри од 15% од нивната инвестициска вредност. Ќе дадеме финансиска поддршка на компаниите извозници на конзервиран зеленчук и овошје за калибрирање на производството и за подобрување и користење на современа, атрактивна и брендирана амбалажа, за инвестирање во иновативни технологии (замрзнување и сушење) и во финалните производи (пакување, означување, во заштита на географско потекло, во заштита на автохтони производи (брендирање, промоција). Буџетски ќе субвенционираме 30% од транспортот на извозот на финални земјоделски производи и преработки од земјоделските производи. По пат на јавно приватно партнерство ќе создадеме услови за изградба на фабрика за производство на вештачки ѓубрива и на тој начин ќе ги намалиме цените на вештачките ѓубрива, ветува програмата.
СДСМ 2002:
Партијата вети донесување закон за насочување на дел од приходите од ДДВ според определување на граѓаните (за зголемување на вработеноста, екологија, социјални програми и сл.) заради стимулирање на плаќањето даноци;
СДСМ 2013:
Практично истата мерка, која тогаш не беше спроведена, се предлага и сега:
Воведување развоен данок
– Ќе овозможиме опција 30 проценти од данокот на добивка да се вложуваат во развојот на спортот, културата, науката и образованието. Тоа значи дека доколку фирмата има обврска за плаќање на данок на добивка од 100.000 евра, да има опција 30-те проценти од оваа сума, или 30.000 илјади евра да ги уплати во буџетот на државата или, да ги уплати како донациски вложувања во развој на спортот, културата, науката или образованието. Што значи директна стимулација на дејности од корист за сите граѓани. За фирмите тоа ќе значи општествено вреднување и признание, како и бесплатен маркетинг и промоција;
– Спортистите, научните работници, вработените во образованието и културата ќе препознаат каква стимулација ќе значи оваа мерка.Контролата на овие донации ќе биде редовна по однапред пропишана процедура.
Останува на сила решението кај данокот од добивка единствената даночна стапка да изнесува 10% .
 
СДСМ 2002:
Во доменот на образованието партијата тогаш најави, но не спроведе продолжување на времетраењето на задолжителното базично образование со воведување на нулта година;
СДСМ 2013:
Истото го ветува пред граѓаните и сега:
– Првата мерка е постапно воведување задолжително предучилишно образование од 4-6 годишна возраст.
СДСМ 2002:
СДСМ ветуваше воведување на минимална плата, но тоа не го исполни по добивање на мандатот.
Измени во Законот за плати, со цел да се утврди најниската цена на трудот која нема да биде пониска од висината на социјалната парична помош што се исплатува на едно петчлено домаќинство;
СДСМ 2013:
Сега, откако актулената влада ја воведе минималната плата, раководстовто на партијата има неусогласени изјави околу тоа колку ќе ја зголеми ако дојде на власт:
Зоран Заев: „Нашата програма предвидува секој што работи надвор од јавниот сектор да има минимална плата од 450 евра. Тоа ќе го има и текстилниот работник, и занаетчијата, и земјоделецот“
Шекеринска: “Ќе воведеме минимална плата од 10 илјади денари”
Извор: ekonomski.mkТаа година СДСМ ја доби власта на основа на повеќе проекти кои ги вети, а потоа не ги реализираше.
Слично како со мерката за поврат на 15%

Пронајдете не на следниве мрежи: