– Нови фарови и нови дизајнерски детали како дел од новото динамично купе со пет врати
– 4.0 TFSI мотор со моќност од 412 kW ( 560 КС) и ефикасна COD технологија
– Членот на одборот за развој д-р Улрих Хакенберг изјави: ” Audi RS 7Sportback е одличен автомобили со неверојатно ниво на спортска опрема ”
Динамика во нова врвна форма – Audi го усоврши RS 7 Sportback . Големото купе со пет врати доаѓа со новите LED светла и уште многу подобрени карактеристики. Со моќ од 412 kW ( 560 КС) и 700 Nm вртежeн момент, 4,0 TFSI моторот обезбедува импресивни возни перформанси,а потрошувачката на гориво изнесува само 9,5 литри на 100 kmшто е еквивалентно на 221 грама СО2 на секој изминат километар.
” Audi RS 7 Sportback го потврдува угледот на RS моделите како врвни спортисти на нашиот бренд “, изјави д-р Улрих Хакенберг, член на одборот на директори за технички развој во AUDI AG и додаде – “Комбинацијата на моќен четири литарскиот V8 мотор и новата технологија COD со која се исклучуваат дел од цилиндрите, како и quattro погонот и интелигентните дизајнерски решенија го прават RS 7 Sportback одличен автомобили со неверојатно ниво на спортска опрема. ”
4.0 TFSI моторот кај освежениот Audi RS 7 Sportback има голема моќ од 412 kW односно 560 КС, со константна моќ од 700 Nm која се добива помеѓу 1750 и 5500 вртежи во минута. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km / h за 3,9 секунди; динамичниот пакети кој е опција овозможува максимална брзина до 280 односно 305 km / h. Спред ECE стандардите, на V8 Bi turbo моторот му требаат само 9,5 литри на 100 километри. Клучен фактор за ниската потрошувачка на овој голем мотор е новата COD технологија со која се исклучуваат дел од цилиндрите.
Осум брзинскиот Tiptronic менувач со спортски перформанси, ја пренесува моќта од осумте цилиндри до quattro постојаниот погон на сите тркала. По барање Audi комбинира quattro погон на сите тркала со спортски диференцијал на задната оска кој доаѓа како опција.
Новиот Audi RS 7 Sportback е опремен со 20 – инчни тркала направени од лесна легура; 21-инчните алуминиумски тркала во три бои на располагање се како опција. Четирите дискови за сопирање имаат внатрешно ладење и дополнително ја намалуваат тежината на купето; како опција Audi вградува и керамички дискови направени од јаглеродни влакна.Sportback е одличен автомобили со неверојатно ниво на спортска опрема ”
Динамика во нова врвна форма – Audi го усо