Многумина ги игнорираат овие симптоми, а последиците можат да бидат страшни!

Ги имате ли и вие овие симптоми? Дијабетесот е на самиот врв на предизвикувачи на смрт, а од сите заболени преку 90 проценти имаат дијабетес тип 2. Загрижувачки е што голем број луѓе не се свесни за болеста или ги игнорираат симптомите.
Новото британско истражување, кое го спровела приватната осигурителна куќа „Бупа“, покажало дека третина од личностите имаат симптоми кои би можеле да упатуваат на дијабетес тип 2, но само 32 проценти од нив побарале лекарска помош.
Останатите две третини претпоставуваат дека не им е ништо ако ги имаат оние што ги сметаат занемарувачки симптоми.

Причината можеби лежи во тоа што симптомите како замор и жед често настануваат постепено. Многу луѓе мислат дека е во прашање само процес на стареење или воопшто не им обрнуваат внимание на симптомите.
Др. Тим Вудман, медицински директор на „Бупа“ вели: „Дијабетесот тип 2 е сериозна, доживотна состојба која треба што порано да се дијагностицира и ефективно да се третира.“
Доколку препознаете некои од овие симптоми, јавете се кај доктор:
– замаглен вид
– изразена жед
– замор
– глад
– често мокрење
– губење на тежината

Исто така загрижува што луѓето ги игнорираат високоризичните фактори. Некои од нив се:
– лежерен начин на живот
– пушење
– физичка неактивност
– семејна историја на дијабетесот
– висок крвен притисок
– срцеви болести
Дијабетесот тип 2 е сериозна состојба која, ако не се дијагностицира рано и не се третира правилно, може да доведе до големи компликации како срцеви заболувања, слепило или ампутација.
Светската здравствена организација проценува дека во 2030 година во светот ќе бидат преку 550 милиони заболени. Дијабетесот е на самиот врв на предизвикувачи на смрт, а од сите заболени преку 90 проценти имаат дијабетес тип 2. Загрижувачки е што голем број лу

Пронајдете не на следниве мрежи: