Во Министерството за одбрана досега функционираше Сектор за недвижности и услуги. Во периодот што следи во оваа област започнуваат неколку големи проекти, кои се токму во функција на унапредување на стандардот на припадниците на АРМ, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана.Реакција испратена од Министерството за одбрана:
Имено, започнува реализација на проектот „АРМ – мој вистински дом“ со кој во текот на јануари ќе започне изградбата на првата зграда со станови за припадниците на АРМ, а во текот на летото уште на десетина згради. Покрај ова наскоро ќе започне и реализација на проектот „Кантини во секоја касарна“. Беше донесена одлука веќе постојниот Сектор за недвижности и услуги да се подели во два Сектори – Сектор за недвижности одговорен за проектот „АРМ – мој вистински дом“ и недвижностите на Армијата и Министерството за одбрана, и Сектор за услуги кој ќе биде надлежен за одржувањето на кантините и капацитетите како Домот на АРМ, Крушино, Попова Шапка и камповите во Охрид и Дојран. Сите овие капацитети ќе бидат во функција на подобрување на стандардот на припадниците на Армијата на Република Македонија.
Овие проекти за МО претставуваат сериозен потфат во унапредувањето на стандардот на припадниците на Армијата. Со „АРМ мој вистински дом“ ќе се изградат околу 570 станови кои ќе им бидат достапни на припадниците на АРМ по исклучително поволни услови. Со „Кантини во секоја касарна“ ќе се овозможи квалитетна исхрана за припадниците на АРМ, по многу поволни цени и по највисоките стандарди на НАТО алијансата.
Посочуваме дека оваа промена нема да го зголеми бројот на вработени во Министерството, туку ќе значи поефикасно функционирање на институцијата.
Во однос на Секторот за наменско производство истакнуваме дека Министерството за одбрана ги презема вработените во МЗТ специјални возила, компанија која е во стечај, а е од суштинско значење за функционирањето на Армијата. Станува збор за исклучително искусен кадар кој ќе ги сервисира борбените возила на Армијата, односно ќе се создадат капацитети за одржување на овие специјални возила. Тоа ќе значи и повисока борбена готовност на АРМ и воедно заштеда на финансиски средства.Реакција испратена од Министерството за одбрана:
Имено, започнува реализација на проектот „АРМ – мој вистински