Мобилни телефони со голема издржливост на батерија

Доколку издржливоста на батеријата ви е помеѓу првите приоритети кога купувате мобилен телефон, овие информации ќе ви помогнат во правилниот избор.Доколку издржливоста на батеријата ви е помеѓу првите приоритети кога купувате мобилен телефон, овие информации ќе ви помогнат во правилниот избор.
Ви се случило вашиот мобилен телефон да сигнализира или вибрира и откако ќе го погледнете, очекувате да видите порака или e-mail и наместо тоа само опомена за празна батерија? Сигурно и додека зборувате на телефонот со празна батерија ја користите следнава фраза: “Батеријата ми е при крај, затоа морам брзо да зборувам!”  Можеби е време да инвестирате во телефон со поиздржлива батерија. 
Не знаеме за вас, но самата помисла на носење на екстра-батерија или полнач наоколу, не е баш удобно и практично. Но да сме реални “паметните телефони” со нивниот голем екран на допир и брзи процесори користат многу енергија, така што не очекуваме да издржат повеќе денови со едно полнење. Сепак, нема изговор да не издржи телефонот барем еден ден.
За секој телефон што го разгледавме тука на gsm.mk ја тестиравме издржливоста на батеријата при постојано зборување, за да го измериме колку разговори можете да остварите помеѓу две полнења. Иако времето на разговори е не веродостојно затоа што не ги вклучува и другите начини при кои се троши батеријата во текот на денот, сепак е корисен индикатор за тоа какви очекувања да имате. За повеќето “паметни телефони” кои работат на 3G мрежа, просечното време за разговори е нешто повеќе од шест часа, што во никој случај не е лошо. Исто така, има голем број на телефони кои спаѓаат во рангот на седум до осум часа, што е уште подобро.
За оваа листа, искористивме телефони кои издржуваат најмалку осум часа разговор – некои издржуваат и повеќе од тоа – кои би ви биле корисни од утро до попладне со максимална функционалност без да треба да ги наполните.
Погледнете ја листата на телефони на GSM.mk
 Доколку издржливоста на батеријата ви е помеѓу првите приоритети кога купувате мобилен телефон, овие информации ќе ви помогнат во правилниот

Пронајдете не на следниве мрежи: