Мобилниот го проверуваме просечно 150 пати дневно

Мобилниот апарат без кој многумина би биле како изгубени, го проверуваме на секои 6,5 минути, покажува најновото истражување на Нокиа.Утврдено е дека првиот поглед на мобилниот ни паѓа штом отвориме очи наутро, затоа што многумина го користат како аларм за будење. Од исти причини, мобилниот телефонни е и последната работа што ја гледаме навечер, пред легнување.Мобилниот се користи и за проверување мејлови, за новитети на интернет или за посета на друштвените мрежи.Утврдено е дека корисниците ги проверуваат своите смартфони во просек по 150 пати на ден, ако се смета дека се будни 16 часа.Ист е случајот и со оние кои користат помалку напредни уредиВо просек луѓето примаат 22 повици, а пишуваат 23 пораки дневно, вели Том Ахонен, консултант за мобилна технологија.„Просечните корисници на мобилен имаат три разговори дневно. Останатите се пропуштени повици или обиди за повик. Исто така, понекогаш намерно не се јавуваме“, вели Ахонен.Играње играчки, менување музика, фотографирање, како и додавање броеви во именикот на мобилниот само ја зголемува бројката за користење на овој апарат во текот на денот.Истражувањето е нарачано од Нокиа.
 
МакфаксМобилниот апарат без кој многумина би биле како изгубени, го проверуваме на секои 6,5 минути, покажува најновото истражување на Нокиа.

Пронајдете не на следниве мрежи: