Моден викенд Скопје ја најавува осмата сезона

Скопје, Октомври 2013 – По две децении од експанзијата на панк гранџ стилот, модните дизajнери рекоа : Време е за камбек!Осмото издание на Моден Викенд Скопје се враќа од 22. до 30 октомври, на различни локации во Скопје, бунтувајќи се против модните стереотипи и нагласувајќи ја потребата да се биде свој и слободен, да се спојат неспоиливите модни парчиња. Оваа сезона, есен-зима ’13/’14, вкупно 15 имиња ќе ги прикажаат своите најнови колекции.
Моден Викенд Скопје ќе го отвори модното шоу на дизајнерот Никола Ефтимов поддржан од ELISE во Катната гаража „Св. Кирил и Методиј“.
Во рамките на осмото издание на Моден Викенд, традиционално како успешен спој на модата и бизнисот, предавање и професионални консултации ќе одржи светски признатиот Мартин Робертс од Лондон, ко-основач и директор на Fashion Scout London и Graduate Fashion Week. Проектот е организиран во соработка со Британски совет во
Македонија и претставува континуитет на нивните досегашни залагања за поддршка на креативните индустрии во Македонија.
Новина во оваа сезона се три дизајнерски имиња кои за прв пат ќе ги прикажат своите колекции, Chic Undercowear by Boban Ilievski, Марјана Рујаноска поддржана од Витаминка и EVEE by Ivana Cvetkovska поддржана од Луна Комерц & Фруктана ЛТД.
На ревиите кои ќе се одржуваат од 22-25 октомври во Катната гаража „Св.Кирил и Методиј“, своите нови парчиња ќе ги презентираат и Олгица Ѓоргиева, Ирина Тошева поддржана од Авицена лабораторија, Fashion Group, Тања Кокев, Антонија Ристовска поддржана од AVON, Никола Петровски, Стефанија Насеска и модниот бренд STILLISIMO.
Во прекрасниот амбиент на Даут Пашин Амам во Стара скопска чаршија, љубителите на модата ќе можат да го видат најновото од MCouture by Mila Kadriu.
Последните два дена на овогодинешното есенско издание 29-ти и 30-ти октомври, се резервирани за два модни перформанси во Музејот на Град Скопје, Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska и оној на дизајнерката Росица Мршиќ со кој ќе се затвори оваа осма сезона на Моден Викенд Скопје.
Студио Бубе Ин (фризура) и Горан Сиџимовски (стајлинг). За фотографијата се одговорни Ани&Дими. Официјален партнер за убавина и шминка и оваа сезона се Космо дрогерии во соработка со Shisheido, за фризура – Rolland Group во соработка со фризерско студио Бубе Студио Ин и Кул Кат, а официјална модна агенција е ПОДИУМ. Моден Викенд Скопје ја продолжува соработката со AVON, кој повторно се појавува со официјален парфем.

 

Тимот на Моден Викенд Скопје :
Директор – Света Богова -Јовановска
Проект менаџер – Наталија Терзијоска
Графички дизајнер – Анита Гај
ПР менаџер – Марија Илиќ
Креативен менаџер – Горан Сиџимовски
Кастинг директор – Ирина Илиевска
Кастинг асистент- Виктор Цветановски
Покровители на настанот : Град Скопје, ЈП Градски паркинг- Скопје и Британски cовет во Македонија.
Поддржувачи на Моден Викенд Скопје: Официјална вода на настанот – Пелистерка, Официјално возило на настанот – Ауди, Еко партнер- Пакомак , интернационалниот бренд Felce Azzurra, Баргала, Пропоинт, Хотел Арка, Lotus Lounge Chair, МДН Друштво за обезбедување на имот и лица, Skovin Winery и NESCAFE Dolce Gusto.
Медиумски покровители : ТВ Алфа, ТВ Алсат-М, Бекстејџ-естраден магазин, Теа модерна, Убавина&Здравје, неделник Република , Пулс24.мк, On.net.mk , Аnntena5 радио, Kadevecer.com.mk, Tocka.com.mk, Style.rs, Time.mk, Divianarts.com, Wannabemagazine.com, Stylefiles.mk, Brankopopovicblog.com

 

Информации за учесниците- дизајнерите :
Никола Ефтимов – Колекција: Os filhos de Vênus (Тhe story of dégagé)
Актуелната колекција е базирана на две инспиративни нишки- Бразил со интензивните бои и животната радост и шкотската традиција, што е особено видливо во употребата на карираните материјали.
Росица Мршиќ
Росица Мршиќ ги дополнува своите претходни збирки на дизајнерски колекции со нов моден ракопис инспириран од тотално женствената модна форма на педесетите и ранитешеесети. Нејзиниот прецизен геометриски стил во градење модни форми на облека, во новата колекција е под влијание на супрематизмот, уметнички правец фокусиран на основните геометриски фигури, и употребата на “color block” во обликување на силуетата.
MCouture by Mila Kadriu
Индија, инспирацијата на новата колекција есен-зима 2013-14 на Mcouture. Нов бран на текстури, дезени, бои и кроеви се само дел од новитетите што оваа колекција ќе ги донесе и претстави на осмата сезона на FWSK. Богатото индиско наследство ќе биде претставено преку аксеосоари, накит и богат рачен вез во комбинација со препознатливапривлечна силуета на MCouture.
Стилисимо- Колекција “ Руска бајка”
Традиционалната Бабушка беше главната инспирација за колекцијата есен –зима ’13/’14 на Стилисимо. Бидете и вие дел од нашата “Руска бајка”- колекција од едноставни шик парчиња облека по прифатливи цени за жени од секоја возраст и професија. Сигурни смедека парчињата од нашата колекција, во која се приткаени боите на Русија-Козаците- Фолклорот, ќе го освежат плакарот на секоја жена со стил.
Антонија Ристовска – Колекција INSTINCT
Инспирација за колекцијата е парфемот АVON Instinkt –интензивно примамлив со заводливи ароми кои ги поттикнуват инстинктите и сензуалноста кај жената. Колекција инспирирана од секси и силна жена полна со самодоверба која ја искажува со својот изглед, со својот говор, со начинот на кој чекори.
Колекција Кокев – есен / зима 2013-2014
Игра на твид и кадифе во потрага по сонце, спонтаност и боја како трагите од четката на Реноар. Моменти од реалноста, но полни со вибрирачка боја која блеска со живот и вткаена светлина. Храбри комбинации од јаки комплементарни бои како цевќињата магично поубави на слика одколку во живо.
VIBRAZIONI by Aleksandra Mitkovska
Колекција пролет-лето 2014. Концепцијата е спој на модата со ликовната уметност.  Модниот перформанс се состои од девојки (модели) поставени во витрини, кајшто ќе се прикаже соработката на Митковска со сликарот Александар Зафировски на нејзината најнова колекција.
EVEE by Ivana Cvetkovska
Колекцијата „Summertime Sadness”, есен-зима 2013-14 го симболизира копнежот по свежината на летото, особено по ведрото сино небо, по морските широчини и нежните жолти сончеви зраци. Моделите во колекцијата претставуваат спој од најлуксузни и високо квалитетни материјали: свила, кожа и плиш.
Springfield
Колекција инспирирана од повеќе актуелни модни трендови кои овој бренд  ги пренесува на својот препознатлив, секојдневен и ненаметлив начин,  како геометриските форми и цветните дезни, етно мотивите и  животинскиот принт.
Fashion&Friends
Fashion&Friends e концепт на мултибренд продавници кој нуди брендови  како Guess, Guess by Marciano, Replay, Levi’s, Gaudi, Desigual, Scotch&Soda,  Maison Scotch и Cesarre Paciotti. За есен/зима 2013 кај сите овие брендови  забележително е влијанието на рок и гранџ изгледот и во машките и во  женските линии.
BATA
Секоја сезона BATA подготвува пријатни изненадувања за вљубениците во  овој бренд – женски, машки и детски модели на чевли, јакни и модни  додатоци. Моделите и оваа сезона се трендовски и разновидни.Осмото издание на Моден Викенд Скопје се враќа од 22. до 30 октомври, на различни локации во Скопје, бунтувајќи се против модните стереотипи и нагл

Пронајдете не на следниве мрежи: