Во Челзи веќе размислуваат за идниот наследник на Френк Лампард, а на големо се споменува Хрватот Лука Модриќ.
Френк Лампард дефинитивно ја игра својата последна сезона за Челзи, а управата на клубот од тие причини сака да го ангажира играчот од средниот ред, ХрватотЛука Модриќ.
Хрватскиот репрезентативец во Реал Мадрид дојде за сума од 33 милиони евра, токму од англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Лука Модриќ беше најдобриот играч на Тотенхем додека ги бранеше боите на овој тим во периодот 2008-2012 година, а во Челзи веруваат дека ќе успеат да го ангажираат во текот на летниот преоден трансфер-период.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Во Челзи веќе размислуваат за идниот наследник на Френк Лампард, а на големо се споменува Хрватот Лука Модриќ.