Пресретнувајќи ги потребите на корисниците за достапност на информациите од нивен интерес во секое време, Вип оператор претстави нова мобилна апликација “Мојот Вип” со која на сите припејд и поспејд корисници ќе им овозможи преглед на сите информации за нивната корисничка сметка од нивниот паметен телефон на брз и едноставен начин.Мобилната апликација “Мојот Вип” им нуди на корисниците бројни привилегии за нивната корисничка сметка како на пример, преглед на моменталната состојба (остварен сообраќај, искористеност на пакети); преглед на сметките (листа на детални повици и остварен сообраќај, плаќање на сметки преку мобилната апликација со кредитна картичка), како и други останати корисни опции, а наскоро и можност за активирање и деактивирање на услуги (достапни услуги за нивниот профил, поставување забрани за роаминг и слично).
– Нашите заложби за одржување на високо ниво на корисничко задоволство уште еднаш се потврдуваат со воведувањето на оваа мобилна апликација. Придобивките се бројни- освен тоа што корисникот брзо и едноставно пристапува или спроведува одредени активности за неговата корисничка сметка каде и да е, заштедувајќи го своето време, со оваа апликација корисникот има увид во сите содржини од интерес и можност однапред да ги добие известувањата за новините кои следат во понудата на Вип. Секогаш повеќе за нашите корисници, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.
Една од позначајните карактеристики на оваа мобилна апликација е и опцијата “Понуди за Вас” која на корисниците ќе им прикаже специјалните понуди кои се релевантни за нив како и ексклузивни информации односно можност да ги дознаат сите новости во однос на понуди пред сите други, посебно за време на претстојните Вип роденденски понуди, кога корисниците на апликацијата секогаш ден пред сите други ќе ги дознаат новостите што следат.
Мобилната апликација “Мојот Вип ” е достапна за бесплатно симнување за Android корисници на Vip Store како и на Google play, а наскоро ќе следи и верзија за корисниците на iOS. За да ја користат оваа апликација, корисниците треба да имаат кориснички профил, а тоа можат да го направат со едноставно следење на упатствата во апликацијата, или пак да се логираат со постечкиот профил на “Мојот Вип” веб апликацијата.
Користењето на апликацијата како и сите податоци се безбедноссно заштитени.
Подетални информации корисниците можат да добијат со јавување на контакт центарот на Вип на 077 1234 или на www.vip.mk .Мобилната апликација “Мојот Вип” им нуди на корисниците бројни привилегии за нивната корисничка сметка како на пример, прегле