Момче врескало: Ве молам спасете ме!

„Ве молам спасете ме“, се зборовите на дванаесетгодишното момче кое доживеало струен удар од 25.000 волти. 
 
Пожарникарот и чуварот на железничката станица во Ниш, Драган Милошевиќ, за Блиц ја раскажал случката за која вели дека иако војувал во Косово никогаш не видел нешто слично.
„Помагајте, ми гори другарот! Го зграпчив противпожарниот апарат и трчав 300 метри. Меѓу 10. и 11. перон видов дете како гори. Плачеше и врескаше: Ве молам спасете ме! Крв му излегуваше од устата, а главата му беше повредена. Гореше како факел. Во животот не сум видел ништо пострашно, а војував на Косово“, изјави за Блиц Драган Милошевиќ.
Со возило на брза помош тешко повреденото момче е пренесено во болница, а очевидците за Блиц, велат дека отпаѓало месо од  јагленисаното тело.
„Неговото другарче да дојдеше минута подоцна, целиот ќе беше јагленисан. Сакам да преживее и да го запознам“, вели Милошевиќ.
Полицијата соопшти дека детето си играло до другарите качувајќи се на вагоните кога се фатил за високонапонскиот струен лак. Момчето со длабински изгореници на 90 проценти од кожата е згрижено на клиниката за детска хирургија каде лекарите водат неизвесна битка за неговиот живот. 
„Тоа се тешки длабински изгореници. Беше примен свесен, но набрзо стана дезориентиран и мораше да го приклучиме на апарат за вештачко дишење. Едната страна од телото му е јагленисана, односно прекриена со изгореници од четврт степен. Неговата состојба е тешка и тој е во животна опасност“, изјави директорката на клиниката.
Во неговото семејство тагуваат неговите баба и дедо кои се грижеле за нивното внуче:
„Срце мое, врати се дома. Немој сега да ме оставаш. Ве молам спасете го мојот убавец. Кого сега ќе љубам во косичката“, липаше бабата Светлана Митиќ, гушкајќи ја и бакнувајќи ја сликата на своето внуче.
Таа со сопругот Зоран го пораснала Ѓорѓе, бидејќи мајка му се разболела уште додека била бремена, а таткото никогаш не го запознал. 
„Ѓорѓе е талентиран за цртање, од џепарлакот купуваше спрејови и бои. Со другарите излегол околу 13.30 часот. Не знаевме дека ќе одат на железничка станица. Се качил веројатно за да нацрта графит на стар вагон иако од нив вадеа и некои графитни шипки за цртање. Го удри струја. Сакаа да го префрлат на ВМА, но е во многу тешка состојба. Му работи само срцето и белите дроболи и со машина го одржуваат во живот“, вели дедото на петтодделенецот Ѓорѓе.
Во Железници Србија жалат за тешкиот случај. Од таму велат дека вагоните биле на пропишаното место, а железничката станица не може да се огради бидејќи е долга со километри. Струјниот лак може да удри и со два метри далечина , па затоа е строго забрането качување на вагоните.„Ве молам спасете ме“, се зборовите на дванаесетгодишното момче кое доживеало струен удар од 25.000 волти.

Пронајдете не на следниве мрежи: