МОН: Го поддржуваме мултикултурализмот и мултиетничкиот карактер во образованието

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија секојдневно ги инволвира учениците и студентите во политички игри и се обидува да поентира претставувајќи се како нивен заштитник и поддржувач.Крајно лицемерно и иронично, затоа што во времето на нивното владеење и раководење со институциите на системот, не реализираа ниту еден проект, мерка или активност во насока на подигнување на ученичкиот и студентскиот стандард и во насока на унапредување на квалитетот на образовниот систем, а особено на инфраструктурните услови, кои за разлика од минатото, денес се врвен приоритет во генералните владини политики.
Тоа го потврдува фактот што, само во изминатите неколку години изградени се 74 нови училишни објекти и 60 училишни спортски сали, а 400 постојни училишта се реконструирани. Оваа интензивна инвестициска активност ќе продолжи и во периодот што следи, а општина Тетово продолжува да биде дел од нашата агенда.
Во таа насока, сакаме да информираме дека Министерството за образование и наука, со цел поддршка на мултикултурализмот и мултиетничкиот карактер на образовниот процес во СОУ „Кирил Пејчиновиќ“, презема обврска за надградба на постојниот објект во кој сите ученици интегрирано ќе ја следат наставата.
Откако општината и надлежните институции ќе обезбедат чиста локација и градежна дозвола, ќе биде распишана и јавна набавка за изработка на проект за надградба, а потоа врз основа на проектното решение, ќе се избере и компанија изведувач на градежните работи.
Апелираме до СДСМ наместо инволвирање на учениците и студентите во дневно политичките игри и подгревањето на меѓуетничките односи, да се посвети на креирање и понуда на конкретни мерки и активности за унапредување на образовната сфера.Крајно лицемерно и иронично, затоа што во времето на нивното владеење и раководење со институциите на системот, не реализираа ниту еден проект, мер

Пронајдете не на следниве мрежи: