МОН: СДСМ бесрамно се обидува да ја негира изградбата на капитален училишен објект

Министерството за образование ги смета за несериозни лиферуваните соопштенија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кои, бесрамно се обидуваат да ја негираат изградбата и постоењето на капитален училишен објект.За волја на вистината, ако во минатото во населбата Хром не постоеше училиште, на барање на граѓаните на овој дел од општината Ѓорче Петров, денес е изграден целосно нов современ објект од 600 квадратни метри, на два ката, со шест нови училници, четири тоалети, технички и работни простории и нов простор за библиотека.
Се работи за инвестиција на Министерството за образование и наука во вредност од 27,5 милиони денари, која во договор со локалната самоуправа ќе биде пуштена во употреба во следните неколку денови. Во прилог споделуваме фотографии, а воедно го покануваме Социјалдемократскиот сојуз да делегира свои претставници кои заедно со претставниците на министерството, ќе им посакаат на учениците успешно продолжување на наставната година во новиот објект.
Инфраструктурната инвестициска активност на Министерството за образование и наука во изминатите неколку години е прилично интензивна. Тоа го потврдува фактот што во унапредување на образовната инфраструктура наменета за основното и средното образование инвестирани се повеќе од 75 милиони евра, со кои, се изградија 74 нови училишни објекти, повеќе од 400 се реконструираа и санираа, а се изградија и 55 училишни спортски сали.
За потсетување, последен пат пред 2006 година нов училишен објект е изграден пред осамостојувањето на државата и затоа СДСМ кој воедно и управуваше со ова министерство и со истите вработени, нема кредибилитет да говори за унапредувањето на образовната инфраструктура, затоа што освен штети, не остави ниту еден позитивен белег.За волја на вистината, ако во минатото во населбата Хром не постоеше училиште, на барање на граѓаните на овој дел од општината Ѓорче Петров, денес

Пронајдете не на следниве мрежи: