Моника Зарапчиева: Љубовта е обостран труд компромис и разбирање

Моника е девојка која што обожава да патува, па тоа беше една од причините да започне да се занимава со професија која има многу патување, а тоа е манекенството.Љубовта помеѓу Моника и манекенството започна уште на нејзина 15-ет годишна возраст во Италија на ревијата „ Accademia Italiana “. Моника е  убава, атрактивна и амбициозна девојка тоа е доволна провокација да го прочитате нејзиното интервјуто.
Доколку сакате да ја погледнете нејзината галерија која што е една од најпопуларните на нашиот сајт тоа можете да го направите на следниот (линк)
Како поддршка на MB оформена е и посебна фан страна каде што ќе можете да ги видите сите галерии на едно место (линк)

За оние кои не те знаат доволно каква девојка е Моника ?
– Себеси би се опишала како девојка од идеја, тоа ги опишува најважните сегменти за мене.
 Како изгледа дечкото од соништата според тебе и дали досега го имаш сретнато ?
 – Не постојат строго пропишани правила, но постојат одредени вредности кои треба да ги поседува, кога ќе го сретнам верувам дека ќе го препознаам.
 Каде Моника се гледа себеси после 5 години ?
– Себеси се гледам на постдипломски студии на некои од светски познатите универзитети.
 Кое е мотото по кое се водиш во животот и што ти е најголема мотивација ?
– Животот е прекраток за да се чека. Се мотивирам со помислата дека сум способна да остварам се што ќе наумам секако ако дадам се од себе и внесам доволно труд.

Што значи љубовта според тебе ?
– Јас љубовта ја дефинирам како обостран труд, компромис, разбирање и способност да направиш буквално се за другата личност.
 Што повеќе ти значи кај мажите физичкиот изглед или карактерот ?
– Најубаво е кога тие два критериуми се во склад. Цело е кога има се 🙂
 Како ја одржуваш добрата форма ?
– За разлика од другите девојки кои најчесто се одржуваат со диети, јас добрата форма ја одржувам со многу храна и секако многу спорт.     
 Што прави Моника во слободно време ?
– Слободното време најчесто го користам да се опуштам и уживам со пријателите, и уште многу мали нешта кои се својствени за нашата генерација.

Дали веруваш во машко-женско пријателство ?
– Секако дека верувам всушност моите најдобри пријтели се од машкиот пол.
 Како се чувствуваш поудобно со облека на тебе или без облека ?
– Облеката е карактеристика на практичност и стил, а сетоа останато е состојба на природност 🙂
 Со оглед на тоа што е лето каде беше на одмор и која е твоја омилена дестинација ?
– Моментална дестинација е Охрид, а следна е Грција.
 Што би им порачала на читателите на MB, ПУЛС24 и ТЗМ ?
– Би им посакала да имаат убаво лето исполнето со многу забава. Љубовта помеѓу Моника и манекенството започна уште на нејзина 15-ет годишна возраст во Италија на ревијата „ Acc

Пронајдете не на следниве мрежи: