Монти го обвини Берлускони дека ги купува Италијанците пред изборите

Loading...

Силвио Берлускони сака да ги купи Италијанците ветувајќи им пред изборите враќање на парите кои во 2012 година ги дале за непопуларниот данок на недвижнини ткн IMU, рече во понеделникот во неговиот противник и претседателот на владата на заминување Марио Монти.
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони кој на изборите што ќе се одржат кон крајот на февруари ќе ја предводи, како што рече во „последната голема битка“, коалицијата на десниот центар, во неделата на Миланскиот саем најави дека доколку победи на изборите „новата влада уште на првата седница ќе го одобри повратот на данокот на прва недвижнина во 2012 година“.Берлускони кој ја водеше италијанската влада од 2001 до 2006 година, и потоа од 2008 до ноември 2011 година кога му ја отстапи должноста на технократот Марио Монти, кој својата шеста изборна трка во последните 18 години ја води со многу помпа, и претходно најавуваше дека ќе го укине данокот на прва недвижнина, непопуларен кај Италијанците.„Тоа е симпатичен обид за корупција, Го купувам твојот глас со пари, и тоа со шаро на граѓаните“, коментирал Монти, поранешен европски комесар, кој вообичаено со студена иронија за радиото RTL.Монти во исто стил продолжил предупредувајќи на неостварливоста на ветувањата што ги дал Берлускони.„Јас сум уште поголема будала затоа што го спроведов зголемувањето на даноците за кои веќе претходно одлучила“, (претходната влада на Силвио Берлускони -з.р.), реагирајќи на изјавите на Берлускони кој изјави „секоја будала може да ги зголеми даноците“.Анкетите покажуваат дека на изборите што ќе се одржат на 24-ти и 25-ти февруари, се очекува победа на левиот центар предводен од Депократската партија на Пјер-Луиџи Берсани, но се забележува дека откако Берлускони активно се врати во политиката разликата во поддршката на левиот и десниот центар постојано се намалува, и во моментов изнесува само 5 отсто.
 
МакфаксСилвио Берлускони сака да ги купи Италијанците ветувајќи им пред изборите враќање на парите кои во 2012 година ги дале за непопуларниот данок

loading...
Loading...