Морбидно: Момче тврди дека живеело на Марс – „Знам што не очекува“

Момче од Русија тврди дека некогаш живеело на Марс и дека планетата била населена, но дека ја преживеала најголемата катастрофа во својата историја, губењето на атмосферата.Откако завршило училишното тестирање, надлежните решиле Бориска веднаш да го посетува второто одделение, но потоа тоа им било товар. Никому не му се допаѓало тоа што момчето од еднаш го прекинувало наставникот и му велело дека не зборува вистина, а тоа се случувало, дури и по неколку пати на ден, пренесува „Аура“.
За необичното дете Бориска прв пат се слушна од приказната на еден очевидец на експедиција на северот на Волгоградската област.
Детето постојано на возрасните им зборува дека на Марс имало цивилизација, за мегалитските градови и марсовските вселенски бродови, за летовите на другите планети и за државата Лемурија на Земјата, чиј што живот го познавал од сопствено искуство, бидејќи вели дека понекогаш доаѓал од Марс, на големиот континент, каде што имал и пријатели.
Оние кои што разговарале со него, се изненадени од две работи. Најпрво поради тоа што има невообичаено знаење за еден дванаесет годишник, како и тоа што говорот не е на ниво на дете на неговата возраст. Тој користи терминологија, детали и факти од минатото за Земјата и Марс, поради што му завидуваат дури и универзитетските професори.

 
Бара пријател од Земјата
Интересно е тоа што Бориска дошол на светот на 11-ти јануари 1996 година, во градот Волзхку, во провинциското породилиште. Мајка му, Надежда Кипријановиќ работи како дерматолог во градската болница, а татко му Јуриј Товстенев е офицер. Тие велат дека ќе бидат среќни доколку некој може да им помогне за да се реши невобичаениот феномен за неговиот син, но засега со интерес го набљудуваат своето чудо.
Кога имал година ипол веќе можел да чита тешки зборови од весниците. На двегодишна возраст започнал да црта различни нијанси. Сите негови воспитувачки велат дека имал голема дарба за јазиците и дека мозокот му е неверојатно развиен. Забележале и дека има феноменално помнење. Но, родителите утврдиле дека нивниот син до своето знаење не доаѓа само од набљудување на околината, туку и од некои други извори. Велат „како да примаше некои информации од некаде“.
-Никој не го научи на тоа. Изнесуваше такви детали за Марс, планетарниот систем и другите цивилизации, по што останувавме без зборови-изјави мајката Надежда.
Бориска вели дека некогаш живеел на Марс, и дека таа планета била населена, но дека ја преживеала најголемата катастрофа во својата историја, губењето на атмосферата. Потоа малкуте граѓани живееле во подземните градови. Во тоа време тој често летал на Земјата поради трговија и научно-истражувачката мисија. Изгледа само тој бил пилот на вселенскиот брод. Тоа се случувало во време на Лемуријската цивилизација, но имал и пријател Лемурец кој починал пред неговите очи.
-Се случи голема катастрофа во која експлодираа планини, а големите континенти се распаднаа и потонаа под вода. Одеднаш голем камен падна во местото во кое што бевме јас и мојот пријател. Не можев да го спасам. Сега треба да се сретнеме на Земјата-вели тој.

 
Најавува големи катастрофи
Кога ќе има инспирација, тој зборува интересни приказни за Маите, бидејќи смета дека луѓето не знаат многу за тој фасцинантен народ. Според него на Земјата сега се раѓаат посебни деца, поради некои големи промени, кои што треба да се случат на планетава. Затоа ќе биде потребно ново знаење, пошироко од менталитетот на земјаните.
-Се почесто се раѓаат „индиго“ деца, но во нашиот град не сум сретнал. Можеби Јулио Петрова, таа ми верува, што значи дека нешто чувствува. Останатите обично се смеат кога зборувам. На Земјата ќе се случат две катастрофи и затоа се раѓаат тие деца, бидејќи мора да им помагаат на луѓето. Половите ќе се свртат. Јас се плашам од тие катастрофи, бидејќи ние живееме вечно. Се случи катастрофа и на Марс, каде што порано живеев. Тие беа народ како ние, но дојде до нуклеарна војна и се изгоре-тврди тој.
Момчето уште наведува дека Марсовците дишат воздух кој претежно се состои од јаглед диоксид, а кога тие би дошле на нашава планета би живееле во близина на оџаците.
-Кога ќе се најдеш во тело на земјанин го вдишуваш овој воздух. Но ние не го сакаме, бидејќи тој предизвикува стареење. На Марс луѓето вечно се млади, на возраст од околу 30 и 35 години.
Тој не се сеќава на своето име од животот на Марс, туку само на својот живот од тринаесеттата година.
-Носевме посебни очила и се боревме цело време. Може повторно да се оживее Марс, но постои една станица, која што е потребно да се уништи. Тоа е тајна, но можам да нацртам како изгледа, бевме близу до неа.
Родителите го воделе на различни прегледи, бидејќи стравувале за него. Свесни се дека тој е чудо на природата.
Вселенска катаклизма
Една рекол дека научниците сигурно ќе ги интересира тоа што во нашиот Сончев систем нема девет планети, туку две повеќе. Тие се наоѓаат зад Плутон. Според неговите зборови Марс некогаш бил во близина на Јупитер. И Месецот тогаш му припаѓал на Марс, но по вселенската катаклизма Марс ја сменил својата орбита и така Земјата го добила својот сателит, Месецот. Но, тој не може да се сети на некои детали од тој период.
На петгодишна возраст ги изненадил своите родители кога почнал да зборува за планетата Просерпина, која што е уништена пред повеќе стотици илјади, а можеби и милиони години.
-Таа планета повеќе не постои, но нејзините жители се телепортирани во петата димензија, која што ја викаат паралелен свет. Ние ја гледавме смртта на планетата од Марс- раскажува Бориска.Откако завршило училишното тестирање, надлежните решиле Бориска веднаш да го посетува второто одделение, но потоа тоа им било товар. Никому не му с

Пронајдете не на следниве мрежи: