МОРНИЧАВА ПРИКАЗНА: Од водата допираат чудни гласови, а родителите стравуваат за децата на 2. август секоја година!

Стара легенда вели дека еднаш годишно, вечерта помеѓу 1-ви и 2-ри август, реката Неретва со својот чуден шум ги повикува своите жртви. Од длабоките вирови и речни струи, наводно произлегуваат звуци на чудесните подводни суштества кои се собираат и ја избираат својата жртва.Луѓето кои живееле во близина на нејзиниот брег, знаеле дека секој 2-ри август, посебно во време на пладневната молитва, не смеат да се капат и да бараат освежување во нејзините длабочини.
Родителите грижливо внимавале нивните деца тој ден да не одат да се капат во Неретва. Според приказната, тие звуци во топлата и мирна летна ноќ допирале само до ушите на оние коишто ја сакале реката и ги почитувале нејзините правила.
Приказната за чудниот странец датира од одамна, кога Мостар бил сосема мал град. Имено, на 2-ри август дошол еден згоден младич, со руса коса и веѓи. Никој не знаел од каде дошол ниту како се вика, а тој не откривал многу за себе.
Се шетал низ Мостар, влегувал во дуќаните и разговарал со луѓето. Пленел со својата галантност, добрина и образованието. Жителите на Мостар не забележале кога, уморен и прегреан од неподносливата августовска горештина, не знаејќи за легендата – се спуштил до брегот од реката, внимателно ги ставил алиштата настрана и рипнал во водата. Повеќе не се појавил.
Неколку дена подоцна, вешти пливачи го барале неговото тело. Но, залудно. Странецот исчезнал како што и се појавил.

Единствената трага од неговиот престој во градот биле неговите алишта. Некои луѓе дури и се колнеле дека секоја вечер, чудни суштества играат оро околу неговите алишта, се веселат, а веќе со првото појавување на зората исчезнуваат во реката.
Поминало време, па луѓето подзаборавиле на немилиот настан.
Одеднаш, во еден есенски ден, „Жолтиот“ (така го викале поради бојата на косата и веѓите) се појавил во градот. Луѓето во страв бегале од него. Тој само чекорел бесцелно и ништо не зборувал. Странецот молчел и зјапал во празно. Бил облечен во истите алишта што го чекале на брегот од реката. Преку ден шетал по улиците, а ноќе се криел по пештерите покрај реката. Живеел така неколку години. Тогаш, еден ден решил да отпатува некаде на север и повеќе никој го немал видено.
Еден од жителите дал објаснување на целата случка. Подводните суштества, вилениците, „Жолтиот“ го повлекле во длабочините на реката и таму им служел како роб. Сѐ додека една од вилите не се вљубила во него.
Дознавајќи од него дека бил странец во градот и дека не знаел за правилата на реката, бидејќи инаку би ги почитувал, се сожалила над неговата судбина. Иако го сакала, знаела дека тој не му припаѓа на нејзиниот свет. Го замолила нејзиниот татко да го врати меѓу луѓето, каде што и припаѓа.
Тој се согласил, но под услов младичот да остане нем за да не ја издаде тајната на реката и нејзиниот вилински свет. Велат дека и од тоа време настанала и изреката: „Настрада како Жолтиот“ (Надрљао као Жути)… Луѓето кои живееле во близина на нејзиниот брег, знаеле дека секој 2-ри август, посебно во време на пладневната молитва, не смеат да се капат и да

Пронајдете не на следниве мрежи: