Моторно патничко возило излета од коловоз и удри во столб, повредени две лица

Две лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосница во Скопје.Имено, 19 годишниот скопјанец Х.И. управувајќи „Пежо“ излетал од коловозот и удрил во метален столб од светлосна канделабра.
СоИмено, 19 годишниот скопјанец Х.И. управувајќи „Пежо“ излетал од коловозот и удрил во метален столб од светлосна канделабра.
Со повредени се здобиле младиот возач и сопатничката Т.К. (42) кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар. Кај возачот Х.И. констатирани биле тешки повреди и тој е задржан на понатамошно лекување, додека сопатничката минала со полесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување.
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Пронајдете не на следниве мрежи: