Сè што влијае на мозокот, влијае и на телото. Така сметале лекарите уште во антиката. Во 17 век, научниците го „разделија“ човекот на два независни составни дела: тело и разум, а болестите биле поделени на душевни и телесни. Со тоа, тие почнале да се третираат на сосема поинаков начин.Денешната медицина смета дека човекот може да влијае врз сопственото здравје, односно врз своите болести.
Во специјализираната литература се опишани многу примери за лекување на тешко болните, бидејќи тие верувале во своето оздравување, т.е. во можноста самостојно да влијаат на болеста и нејзиниот краен исход.
„За да ги надминеме полесно болестите, треба да се отарасиме од негативните мисли, стравови, анксиозноста, односно треба да воспоставиме душевен мир“, сметаат психолозите.
Прочитајте кои болести можат да се јават од различни лоши мисли:
Кардиоваскуларните болести често се јавуваат како последица од недостаток на љубов и чувство за безбедност, а исто така и поради емоционална затвореност. Човек кој не верува во моќта на љубовта или кој си забранува да манифестира љубов, сигурно ќе се соочи со појава на кардиоваскуларни заболувања.
Артритис покажуваат луѓето кои не можат да кажат „не“ и ги обвинуваат другите за тоа што ги експлоатираат.
Хипертензијата се јавува поради преоптеретување, постојан труд без рекреација, потребата да се оправдаат очекувањата на другите… и како резултат на сето ова, сопствените чувства и потреби да се префрлаат во заден план.
Проблемите со бубрезите можат да бидат предизвикани од разочарување или неуспесите во животот. Страдалниците имаат чувство дека некој постојано ги лаже, а сличните емоции доведуваат до одредени хемиски процеси во телото. Колапсот на имунолошкиот систем и настинката се сигнал за потреба од привремена рекреација.
Астмата и проблемите со белите дробови се предизвикани од нехигиена и неподготвеноста да се живее сам.
Стомачните проблеми (гастритичен колитис-запек), се последица од преживеаните грешки во минатото и неподготвеноста да се сноси одговорност за сегашноста. Желудникот секогаш реагира на нашите проблеми, стравови, омраза, агресија и зависта. Задушувањето на овие чувства, неподготвеноста да ги признаеме, обидот да ги игнорираме или заборавиме, можат да станат причина за различни стомачни нарушувања. Континуираната иритација доведува до гастритис. Запекот сведочи за акумулирани чувства, претстави и искуства со кои човек не може или не сака да се соочи.
Изгореници сведочат за агресивноста.
Проблемите со видот е поради неподготвеноста да се види светот таков каков што е.
Слични се проблемите со слухот: тие се јавуваат кога се обидуваме да игнорираме информација која доаѓа кон нас.
Главните механизми на заразните болести се нервозата, злобата и досадата.
Слабата отпорност на организмот кон инфекции е поврзана со нарушената душевна рамнотежа.
Дебелината е манифестација на тенденцијата да се заштитиме од нешто. Чувството на внатрешна празнина често го буди апетитот. Но, душевниот недостиг не може да се пополни со храната.
Проблемите со забите се предизвикани од неодлучноста, неспособноста за донесување самостојни одлуки, страв од последиците од сопствените решенија. Кариесот ја одзема цврстината на забите. Токму на тој начин имунолошкиот систем на човекот реагира на внатрешната несигурност.
Проблемите со 'рбетот се последица од недоволната поддршка и строгоста кон себе.
Несоницата е бегство од животот, неподготвеноста да се признае неговата темна страна. Треба да научиме да ја најдеме вистинската причина за загриженост, да научиме да правиме цврсти заклучоци, да се вратиме на еден нормален ритам, да си дозволиме да заспиеме – сето ова ќе помогне во решавањето на проблемите.
Денешната медицина смета дека човекот може да влијае врз сопственото здравје, односно врз своите болести.
Во специјализираната литература с