Мозокот може да биде истрениран да сака здрава храна

Американските научници тврдат дека мозокот може да биде научен да преферира здрава храна и да ги игнорира калоричните јадења преку диета со која луѓето не гладуваат, соопштува ВВС.Специјалистите од Универзитетот Тафтс во САД, тврдат дека зависноста кон храната може да биде променета.
Тие го скенирале центарот за зависност во мозокот на мала група мажи и жени. Резултатите покажале силен апетит за нискокалоричната храна.
„Во почетокот на својот живот ние не сакаме помфрит, ниту пак ја мразиме на пример пастата. Ова се случува со тек на време“, вели проф. Сузан Робертс од Универзитетот во Бостон, која е еден од авторите на студијата.
Откако еден човек ќе се навлече на нездрава храна, тој обично тешко ги менува прехранбените навики и тешко се решава да ослабе. Но, Робертс тврди дека мозокот може да биде обучен да ја сака здравата храна.

Во истражувањето е испитан дел од мозокот на 13 луѓе со прекумерна тежина, кој е поврзан со наградите и зависноста.
Осуммина од учесниците следат и специјално создадена програма за слабеење. Фокусот паѓа на промената на опциите преку пропишување на исхрана која е богата со растителни влакна и протеини, а е сиромашна со јаглехидрати.
Диетата не им овозможува на учесниците да огладнат, бидејќи тоа е моментот кога се манифестира желбата за јадење и нездравата храна изгледа многу примамливо.
Истражувањето траело 6 месеци. Учесниците се подложиле на истражување на мозокот со скенер. Во мозокот на оние кои ја следеа програмата за слабеење, се случија промени во делот за награди и зависности. Учесниците разгледувале слики на различни видови храна, а здравата нискокалорична храна предизвикала зголемена реакција.
Центарот за награди во мозокот исто така покажува дека реакцијата кон нездравата и висококалоричната храна била ослабена.Специјалистите од Универзитетот Тафтс во САД, тврдат дека зависноста кон храната може да биде променета.
Тие го скенирале центарот за завис

Пронајдете не на следниве мрежи: