Мртво момче пронајдено пред зграда. Цела ноќ им ѕвонел на станарите барајќи помош, никој не му отворил!

На јавноста сѐ уште не ѝ е познат идентитетот на момчето кое утрово е пронајдено мртво на неколку метри пред влез на станбена зграда во карловачкиот кварт Лушиќ, Хрватска, ниту деталите кои и претходеле на трагедијата.Неговото безживотно тело први го забележале станарите кои излегле од зградата, утрово нешто пред 6 часот и веднаш ја известиле полицијата.
Неколку станари за Јутарњи потврдиле дека помеѓу 3 и 4 часот слушнале бука, а неколкумина рекле дека некој им ѕвонел на врата во тој период. Од страв не излегле да видат кој би можел да биде.
Овој дел од квартот е мирен и нема проблеми со деликвенција.
Полицијата не исклучила ниту еден вид насилна смрт, па така можно е да се работи за убиство, самоубиство или можеби несреќен случај.
Телото на момчето е испратено на обдукција.Неговото безживотно тело први го забележале станарите кои излегле од зградата, утрово нешто пред 6 часот и веднаш ја известиле полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: