Му фаќало рачето

Loading...

Во мојот живот сум имал многу падови и многу блесоци. Горе, доле, горе, доле…Сум се познавал, дружел и комуницирал со секаков народ. Од криминалци до врвни уметници, спортисти, влијателни политичари.
Сум спиел дома, во САД, во притвор, на крузер, во џип, во штала…
И, таков живот, ако ништо друго, донесува предност да можеш да имаш многу искуство и да добоваш многу информации.
Па така, “колегите“ на затвореникот Борче Трајковски, попознат како Боки Бургија, од времето кога тој издржувал затворска казна, ми го потврдија фактот што го знаев за него.
Имено, бидејки ја одлежувал казната во затворот Шутка, како примерен затвореник се здобил со привилегија да работи во затворското бифе и трафика.
Но, раката му фаќала повеќе од што требало. Па бил фатен во кражба на цигари од трафиката и пари од прометот на бифето и трафиката.
Така, затворската управа го казнила што од безмалку “слободњак“ го префрла во “изолација“, каде ја дослужува казната.
Па си викам, од Осака до Шутка, од Шутка до изолација во Шутка… Од Изолација во СЈО.
Сметам дека СЈО правилно постапило ангажирајки го овој бивш затвореник на позицијата за “лице кое врши технички и помошни работи“. Така барем Ленче љубовџиката го претстави. Човекот има искуство.
Интересно:
На Ризаов, Борјан, Кабранов, Героски, Тричковски не им се испушта дума за да го окарактеризираат вработениов во СЈО како “осуден криминалец“, со “богато криминално досие“ и слично. Еееее, чичко Орвел, некои се по исти од другите, нели?!
Напомена:
Некој од специфичните изрази можат да ги разберат само оние што биле “гости“ во тој објект.
Колумна на Миленко  НеделковскиСум се познавал, дружел и комуницирал со секаков народ. Од криминалци до врвни уметници, спортисти, влијателни политичари.
Сум спиел дома,

loading...