Му испратила МОЌНО писмо на својот силувач, кој добил минимална казна зашто е познат пливач

САД: Силувачот, 20-годишниот Брок Ален Такер оваа недела беше прогласен за виновен и осуден само на 6 месеци затвор, иако за вакво дело се добиваат казни и до 6 години.Силувањето се случило на една од забавите на братствата во колеџ во САД, а неговата жртва која сега има 23 години, била во алкохолизирана состојба и несвесна.
Во писмото што му го напиша, таа во детали објаснува што и се случило, и како се справува со траумите што ги добила:
„Кога ја прочитав изјавата на Такер за нападот, си реков: Ова не сум јас, ова не може да сум била јас. Но, она што никогаш нема да го простам се неговите зборови според кои чинот ми се допаднал иако бев несвесна. Да седнеш под заклетва и да ги информираш сите дека ти си вистинската жртва е болно, себично, деструктивно. Тоа е безмилосно мачење.
На твоите зборови дека една вечер со пиење ти го уништи целиот живот, ќе додадам само дека забораваш на мојот живот. Таа вечер уништи два животи. Ти си причината, а јас сум последицата. Ме влечеше низ пеколот со тебе, ме врати во ужасната ноќ повторно и повторно. Ако мислиш дека сум поштедена, дека поминав неоштетена додека ти го трпиш најголемиот удар, грешиш. Никој не победи.
Твојата штета беше конкретна, одземање на права, дипломи, служба во војска. Мојата штета беше внатрешна, невидлива, ја носам со себе. Ми ја зема вредноста, приватноста, енергијата, времето, безбедноста, интимноста, самодовербата, и мојот глас.“
Писмото заврши со моќна порака до жените што водат слични битки:

„Се надевам дека со дигањето на гласот, добивате мал зрак на светлина: малку повеќе верба дека никој не може да ве замолкне, мала сатисфакција дека правдата е задоволена, и барем мало осигурување дека полека се движиме во вистинскиот правец; но и големо, огромно уверување дека сте важни, без сомнеж, недопирливи сте, прекрасни сте, вредите, достојни сте за почит, во секоја минута од секој ден, моќни сте и никој не може тоа да ви го земе.
До сите девојки насекаде, со вас сум.“
Силувањето се случило на една од забавите на братствата во колеџ во САД, а неговата жртва која сега има 23 години, била во алкохолизирана состојба

Пронајдете не на следниве мрежи: