Жената му се јавила на нејзиниот сопруг, со кого има две деца, на работа за да разговара со него. Рецепционерката на банката каде што тој работи и рекла дека не моженда разговара со него, бидејќи тој починал. Но, тогаш следел уште поголем шок…Полицијата спроведе истрага за ирскиот државјанин кој бил вработен во Светската банка, откако починал, а истовремено бил во брак со две жени и со двете имал деца.
Едната сопруга на Лиам Кофлан, Линда (47) тврди дека таа дознала дека нејзиниот сопруг починал во Виена му се јавила. Таа вели дека рецепционерката на банката и кажала дека умрел, наводно од природна смрт.
– Ми беше кажано дека полицијата отишла во станот откако тој не се појавил на работа. Таму го нашле мртов. Тогаш ме поврзаа со некој кој одбиваше да поверува дека јас сум му сопруга на Лиам, а потоа ме шокираше со изјавата дека неговата сопруга веќе е известена. Се обидов да инсистирам, но тој ми рече веќе да не се јавувам.
Виенската полиција потврди дека по смртта на 51 -годишниот ја контактирале неговата сопруга, која има 31 години и исто така живее во Ирска, за да и ја соопштат веста. Тие велат дека фактот дека тој имал втора сопруга не им е познат.
Линда има две деца со Лиам за кој се верува дека починал од природна смрт. Таа признава дека тие биле отуѓени, но тој не сакал развод.
Австриската полиција ги проверува шпекулациите дека Лиам всушност го запрел разводот, бидејќи не сакал на неговата сопруга да и даде половина од имотот кој тој заработил како банкар во меѓународната финансиска организација.
Наводно, тој веќе неколку години бил со друга жена, а парот веќе има и една ќерка. Во Виена, никој не верувал дека Линда била жена на Лиам.
– Во неговата канцеларија, никој не ми веруваше, сите рекоа дека ја знаат неговата сопруга и дека тоа не сум јас. Очигледно никогаш не ме ни споменал.Полицијата спроведе истрага за ирскиот државјанин кој бил вработен во Светската банка, откако починал, а истовремено бил во брак со две жени и со д