Помина цела недела, а Катица Јанева сеуште бега и се крие од одговори и одговорност во врска со срамната одлука за де факто аболицијата во предметот „Пуч“.Помина цела недела од најголемиот скандал во македонската правосудна пракса кога за прв пат еден обвинител се стави во одбрана на кривично дело наместо да инсистира истото да биде гонет пред надлежниот суд кој треба да ги разгледа доказите.
Помина цела недела откако Катица Јанева политички одлучи да ја погази судската пресуда и признанието на осудениот Ѕвонко Костовски кој соочен со доказите во предметот „Пуч“ се спогоди за помала казна затвор.
Помина цела недела, а јавноста не слушна како Катица Јанева ја толкува скајп комуникацијата помеѓу обвинeтите во „Пуч“, Верушевски и Лазаревски.
За кој чадор говорат Верушевски и Лазаревски, кога велат цитирам: „Знаејќи го чадорот, не верувам дека ќе останеме заборавени“?
Дали Катица Јанева се согласува и застанува зад нивните намери ситуацијата да излезе од контрола, а мирот да експлодира?
Дали Катица Јанева се согласува со нив кога велат „навикнати сме друг да страда, а ние сме благонадежни.
Колку и да бега, колку и да се крие, Катица Јанева не може да избега од одговорноста за непрофесионалната и скандалозната одлука која што ја донесе.
Катица Јанева се делегитимираше себе си како јавен обвинител, а целосно го делегитимираше и Специјалното јавно обвинителство како орган кој треба да го расчисти скандалот со незаконското прислушување.
Катица Јанева со нејзината одлука да се откаже од предметот „Пуч“, практично ја поништи и основната причина поради која беше формирано СЈО.
Помина цела недела од најголемиот скандал во македонската правосудна пракса кога за прв пат еден обвинител се стави во одбрана на кривичн