Еден антрополог им предложил игра на децата од едно племе во Јужна Африка. Имено, тој ставил корпа полна со овошје пред еден столб и им рекол на децата дека оној кој прв ќе дотрча до корпата ќе го освои овошјето за себе.Децата ја прифатиле играта.
Но, кога научникот им дал знак да почнат да трчаат, сите деца се фатиле за раце и трчале заедно, а потоа седнале околу корпата и заедно уживале во овошјето.
Кога изненадениот антрополог ги прашал зошто трчале заедно, кога еден од нив можел да победи и сам да го освои овошјето за себе, тие му одговориле:
„Како еден од нас може да биде среќен, а останатите тажни?“



