Мудрости од старите Индијанци!

Сите нешта во светот имаат своја цел, секоја болест и билка која лечи, и секој човек со својот  став и повик. Што е животот? Тоа е мала сенка која брза преку тревата и исчезнува во зајдисонцето.За животот
Сите нешта во светот имаат цел, секоја болест, растение, кое лечи, секој човек…Ова е индискта теорија на постоење.
Тажен галеб (1888-1936)
Што е животот?Тое е едно трепкање во ноќта, или здив на волци во зимата. Тоа е мала сенка која силно трча низ тревата и исчезнува во зајдисонцето.
Црно стопало
Се во светот е во парови. Во нашите мисли сме двајца, добри и лоши. Со своите очи гледаме две, тоа што е убаво и тоа што е грдо. Имаме десна рака која што удира и прави лошо, и лева блиска до срцето, полна со добрина. Една нога која може да не одведе по лош пат, а со друга по добриот. Така, се во светот е во пар.
Орел
Се што индијанецот прави е во круг, затоа што силата во светот работи во круг,  и се се обидува да биде округло. Небото е круг, земјата е округла, а такви се и ѕвездите. Ветерот, којга е најмоќен, кружи. Птиците градат гнезда во круг, затоа што и нивната вера е како нашата. Дури и годишните времиња во своите измени прават голем круг и повторно се враќаат таму каде што биле. Животот на човекот е круг, од детство до детство. И така е се во она кај што се движи сила.
Црн елен, Oglala Sioux
На земјата…
Мораме да ја заштитиме шумата за нашите деца, внуци и деца кои допрво ќе се родат. Мора да ги заштитиме шумите за оние кои не можат да зборуваат за себе, птици, животни, риби и дрвја.

Qwatsinas
Ако разговарате со животните, и тие ќе разговараат со вас, и ќе ги препознавате едни со други. Ако не разговарете со нив, нема ни да ги запознаете. Тоа што не го познаваш, тоа  те и плаши. Кога некој се плаши, тој уништува.
Главниот Дан Џорџ
Во срцата на сите нас постои скриен пат, по кој ретко се патува, кој доведува до скриени и непознати тајни места. Старите луѓе ја сакале земјата и на неа седеле и одмарале, со чувства дека се блискуа до мајчинската сила. Своите шатори ги граделе на Земјата. Земјата ги тешела, прочистувала, зајакнувала и лечела. Поради тоа старите индијанци сеуште седат  на неа, не стануваат и не се одволјуваат од нејзината сила, За нив седењето и лежење на Земјата означува, длабоко размислување и чувствување на моќта. Тој може јасно да дојде до тајните во животот и во близок однос со животот околу себе.
Главниот – Мечката која стои, Oglala Sioux
Големиот дух е во сите нас, тој е воздухот кој го дишеме. Големиот дух е нашиот татко, а земјата е нашата мајка. Таа не храни, и се што оставаме во неа, таа ни враќа.
Големиот гром
Индијанците гледаат две улици со кои се сретнува белиот човек, како начинот на технологијата и патот на духовноста. Сметаме дека начинот на современата технологија  води кон брза пропаст, додека патот кон духовноста води до побавна патекa по која Индијанците патувале. Земјата сеуште не е изгорена на овие делови. Трева сеуште расте таму.
АП Вилијам командоси, Канада
На белите луѓе никогаш не им било грижа за земјата, ни за елените, ни за мечките. Кога ние индијанците го убиваме тоа месо, го јадеме цело. Кога извлекуваме корени, не правиме мали дупки. Кога градиме куќи, правиме мал отвор. Ние од двјата ги тресеме плодовите, не ги сечеме. Го користиме само сувото дрво. А белците ја уништуваат почвата, сечат дрва, убиваат се…Дрвото вели: Немој , ме боли. Немој да ме повредуваш, а тие ги сечат без милост. Поради тоа духот на земјата ги мрази.
Wintle
Однесувајте се добро кон Земјата, таа не ви е денот од вашите родители, таа е позајмена од вашите деца. Ние не ја наследуваме земјата од нашите предци, ја позајмуваме од нашите деца.

Стари индијски мисли
Дарување
Нашето верување е дека љубовта е сопственик на слабост која треба да се надвладее. Таа го привлекува материјалниот дел, а доколку и се дозволи, со време ќе го наруши и човечкиот духовен баланс. Поради тоа , децата на почетокот треба да се научат на убавината во дарувањето. Треба да знаат тоа што најмногу го сакаат, да можат да почувствуваат радост во давањето.
Ohiyesa, Wahpeton Santee Sioux
Еднаш бев во Викторија, и видов огромна куќа. Тие ми рекоа дека е банка и дека белците ги пласираат своите пари таму за да заштедат и со време добиваат корист од тоа. Ние индијанците немаме такви банки, но кога имаме многу пари или ќебиња, им ги даруваме на другите индијанци, а со време тоа им носи корист и нашите срца се чувствуваат добро. Нашиот начин на дарување е наша банка.
Главниот Maquinna, Nootka
Мудра приказна за крај:
Некогаш одамна, стариот Cherokee на своите внуци им раскажал една вистинска приказна за животот: Во внатрешноста на секој човек се води борба, како борба помеѓу два волка, во внатрешноста на секој од нас. Едниот волк го претставува злото, гневот, љубомората, завист, каење, алчност, ароганција, самосожалување, вина, лутина, инфериорност, лаги, лажна гордост, егоизам….а другиот волк е доброто:ја претставува радоста, мирот, љубов, топлина, надеж, добрина, добронамерност, великодушност, сочувство и вера.
Малиот индијанец се замислил за секунда. Сите свои мисли фокусирани во длабочината на зборовите од дедо му, и му рекол:„Кој волк ќе победи на крајот?“
Стариот Cherokee со насмевка на своето лице му одговорил: „Победува секогаш оној кој го храниш“За животот
Сите нешта во светот имаат цел, секоја болест, растение, кое лечи, секој човек…Ова е индискта теорија на пост

Пронајдете не на следниве мрежи: